Одлични јога вежби за последниот триместар од бременоста - Part 2

Одлични јога вежби за последниот триместар од бременоста

7. Труп

Одлични јога вежби за последниот триместар од бременоста

Ова е поза за релаксирање на телото и умот. Ви ја зголемува енергијата, па одлична е во борбата против заморот во текот на бременоста. Исто така помага во несаканите ефекти како болка, гадење и вртоглавица. Легнете на грбот. Поставете ги дланките до вас и свртете ги нагоре. Затворете ги очите и релаксирајте се. Дишете длабоко.

8. Дете

Одлични јога вежби за последниот триместар од бременоста

Ова е поза за одморање. Помага да се фокусирате на дишењето, да дишете подлабоко и е добра положба за одмор помеѓу контракции. Ова е одлична вежба која ќе ви помогне да најдете мир и безбедна е во сите триместари. Релаксирајте се и разделете ги колената. Потпрете ја главата на дланките или подот. Избегнувајте ја оваа положба ако чувствувате болка на пубичната симфиза.

9. Пеење

Одлични јога вежби за последниот триместар од бременоста

Правењето ваши звуци во текот на бременоста е моќен начин да го регулирате дишењето. Ова ви помага да се фокусирате и релаксирате додека се справувате со болката од бременоста и породувањето. Вежбањето звуци ќе ви помогне да се отворите и да имате поудобно породување. Седнете во удобна положба. Затворете ги очите. Поставете ги прстите на ушните ресички и вдишете длабоко. Издишете бавно испуштајќи звук. Правете го ова 5 до 10 пати. Можете да ја правите вежбата и додека лежите на земјата со рацете покрај телото.

10. Ротација на колковите

Одлични јога вежби за последниот триместар од бременоста

Ова движење ќе ви помогне да ја зајакнете карлицата и да се релаксирате. Поставете ги стапалата широко, но удобно. Малку свиткајте ги колената. Поставете ги рацете на колковите и почнете да ги ротирате колковите. Обидете се да го држите горниот дел од телото мирен. Фокусирајте се на ротирање на колковите и стомакот. Вдишете додека ги движите колковите напред, и издишете кога ги движите назад. Повторете колку што сакате.

11. Дрво

Одлични јога вежби за последниот триместар од бременоста

Ова е техника за рамнотежа. Ќе ви помогне да ги зајакнете нозете и стомачните мускули. Исто така ќе ви го подобри држењето на телото и ќе ве ослободи од болката во грбот. Застанете на земјата и менувајте ја тежината напред и назад додека не најдете рамнотежа. Преместете ја тежината на едно стапало. Можете да го подигнете стапалото до глуждот за рамнотежа. Кренете го стапалото повисоко до внатрешниот дел на бутот. Поставете ги дланките во положба за молитва. Вдишете и издишете 5 пати. Можете да ги поставете рацете и над вашата глава. Повторете и со другата нога. Оваа вежба е добра во текот на целата бременост.

12. Медитација

Одлични јога вежби за последниот триместар од бременоста

Низ годините медитацијата се користи кај луѓе со депресија, стрес, анксиозност и многу други нарушувања. Во текот на последниот триместар, медитацијата ќе ви помогне како што се наближува породувањето. Ќе бидете помирни и ќе ги избегнете стресот и анксиозноста, особено ако ова ви е прва бременост.

Водич за јога во текот на бременоста

Се разбира, постојат некои пози кои треба да ги избегнувате во текот на бременоста. Овде спаѓа планк, скакулец, чамец и многу други. Консултирајте се со лекарот за најдобрите вежби. Препорачливо е да ги следите и следниве совети.

1. Правете го она што ви изгледа правилно

Почнувањето со јога во последниот триместар може да биде вистински предизвик. За да ги избегнете повредите, секогаш вежбајте со лиценциран јога инструктор. Кога размислувате која поза да ја направите, секогаш слушајте го вашето тело. Бидејќи сите жени се соочуваат со разни предизвици во текот на бременоста, имајте на ум дека вежбите што ѝ одговараат на една трудница можеби не се добри и за вас.

2. Направете помалку позиции

Ако сте физички активни, важно е да го намалите интензитетот на тренингот за да избегнете повреди кај вас и кај вашето бебе. Избегнувајте и вежбање што трае многу. Во текот на бременоста телото има повисока температура и можно е да ви биде потопло. Се препорачува да избегнувате вежбање јога во топла просторија.

3. Не си го одвлекувајте вниманието

Отстранете ги нештата што ви го одвлекуваат вниманието за време на вежбањето. На пример, мобилниот телефон може да ви ја попречи медитацијата.

4. Удобноста е најважна

Носете широка и удобна облека.

5. Не јадете пред вежбањето

Вежбајте јога на празен стомак. Повеќето вежби се најефективни наутро.

6. Загрејте се

Можете да прошетате, да ги релаксирате зглобовите, да ги размрдате екстремитетите и да ги загреете мускулите.

7. Пијте вода

Не заборавајте да пиете вода, особено ако правите потешки вежби. Дехидратацијата, особено во последниот триместар, може да има опасни последици.

Јога вежбите се едни од најдобрите за бремените жени. Во комбинација со лесни вежби како пешачењето, многу полесно ќе се справите со емоционалните и физичките промени кои доаѓаат со бременоста.

Ако страдате од болки во грбот, овие јога пози ќе ви помогнат да се справите со нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар