Одличен рецепт за појадок: Јајце во лиснато тесто

Доколку сакате брз, едноставен и вкусен појадок ви предлагаме да си го подготвите овој рецепт. Сигурни сме дека ќе ви се допадне!

Одличен рецепт за појадок: Јајце во лиснато тесто

Потребни состојки:

  • Една кора готово лиснато тесто
  • 1 изматено јајце + 1 неразматено за во тестото
  • сусам
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Земете една коричка лиснато тесто, ставете ја на работната површина, па отесечете круг со модла или чаша. Постапката повторете ја и со останатите кори доколку подготвувате појадок за повеќе личности.
  2. Премачкајте ги корите со разматено јајце и наросете ги со сусам, па наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
  3. Круговите пред печење пресечете ги на поливинки, а подгответе ги за печење и квадратите кои ви останаа од тестото. Скршете по 1 цело јајце во секој од празните кругови.
  4. Печете го тестото 5 минути во загреана рерна на 250 ᵒС.
  5. По желба наросете со магданос и уживајте. Половинките печено лиснато тесто може да ви послужат за макање во жолчката.

Можеби сакате да пробате нешто поинакво како тост во рерна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар