Обожувате тестенини? Со овој трик драстично намалете ги калориите

Обожувате тестенини? Со овој трик драстично намалете ги калориите

Повеќето калории во вашата дневната исхрана доаѓаат од јаглехидратите, а со овој трик драстично ќе ги намалите калориите што доаѓаат од вашите омилени тестенини и тоа може да ви помогне при слабеењето.

Обожувате тестенини? Со овој трик драстично намалете ги калориите

Тестенините, колку и да се вкусни, сами по себе содржат скроб што не е особено добар за нас. Значи, 100 грама тестенини содржат околу 390 калории, а најголемиот дел од нив е скроб, кој во нашето тело се претвора во шеќер, односно се складира во облик на маснотии.

Сепак, научниците имаат добри вести за сите љубители на тестенини – постои начин како да се намали бројот на калории во нив. Сè што треба да направите е да не ги јадете веднаш по готвењето, туку да почекате да се изладат и повторно да ги загреете. Откритието всушност било случајно направено во телевизиски експеримент.

Во него на испитаниците им било давано да јадат тестенини, а потоа им го мереле нивото на шеќер во крвта на секои 15 минути. Оние кои изеле свежозготвени тестенини, имале дури двојно повисоко ниво на шеќер во крвта од оние кои изеле иста количина тестенини, кои прво биле изладени, а потоа повторно биле стоплени.

По повторното загревање, скробот во тестенини се однесува повеќе како оној во гравот, бананите или овесот – велат истражувачите. Со други зборови, загреаните остатоци од храна за ручек или вечера, барем што се однесува до тестенините, се поздрава опција. Поточно, ова го намалува ризикот од дијабетес, како и од дебелеење.

Можеби сакате да дознаете и за персонализираната исхрана: Здравје, по ваша мерка!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар