Облачиња со кокос и џем: Најмеките колачиња што некогаш сте ги пробале

Неверојатно брзи за подготовка, а премногу вкусни

Потребни состојки:

  • 500 милилитри млеко
  • 50 грама шеќер
  • Прстофат сол
  • Прстофат ванилин шеќер
  • 60 грама пченкарен скроб
  • 3 лажици џем (вкус по ваш избор)
  • Кокос во прав

Начин на подготовка:

Сипете ги млекото, шеќерот, ванилиниот шеќер, солта и скробот во тенџере и потоа загрејте ги на тивок оган. Варете сè додека смесата не се згусне со скоро непрестајно мешање, за да не загори на дното. Кога добро ќе се згусне, тргнете го оган. Смесата треба да има густина на павлака.

Потоа додајте го џемот и лесно промешајте за да ви остане интересна шара. Смесата излијте ја во калап или плех обложен со хартија за печење, покријте ја со пластична фолија и оставете ја да отстои во замрзнувач на 3-4 часа.

Кога ќе се стврдне извадете ја смесата на дрвена даска и исечкајте ја на коцкички. Просејте кокос на секоја коцка и послужете. Добар апетит!

Ако ви се допадна овој рецепт, пробајте го и овој брз колач од јаболка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар