Вкусно и едноставно: Брз колач од јаболка

Вкусно и едноставно: Брз колач од јаболка

Ако сакате јаболка и уживате да приготвувате вкусни колачи кои не одземаат многу време, тогаш овој брз рецепт е за вас. Освен што брзо се подготвува, рецептот е толку едноставен што нема да ви биде потребен ниту миксер.

Вкусно и едноставно: Брз колач од јаболки

Потребни намирници:

За тестото:

  • 200 грама брашно
  • 180 грама шеќер
  • 200 грама гриз
  • 1 прашок за пречиво

За филот:

  • 1 килограм исчистени јаболка
  • 2 ванилин шеќер
  • 1 лажичка цимет

За преливот:

  • 100 милилитри масло
  • 250 милилитри млеко
  • 1 јајце

За декорација:

  • 3 кесички шлаг во прав
  • Млеко
  • Цимет

Начин на подготовка:

Прашокот за печиво измешајте го со брашното и ставете го во голем сад. Потоа додадете ги шеќерот и гризот и измешајте.

Во посебен сад измешајте ги јаболката со ванилиниот шеќер и циметот. За преливот, измешајте ги маслото, млекото и јајцето.

Калапот за печење со димензија 21х36 сантиметри премачкајте го со масло, а потоа посипете брашно на краевите. Во калапот, со лажица распоредете една третина од сувите состојки. Продолжете да редите една третина од исечканите јаболка. Половината од преостанатите суви состојки распоредете ги по јаболката. Половината од преостанатите исечкани јаболка распоредете ги во калапот за печење.

Остатокот од сувите состојки распоредете ги со лажица. Преостанатите јаболка распоредете ги врз сувите состојки. Површината прелијте ја со преливот.

Колачот печете го во загреана рерна на 180 целзиусови степени, околу еден час.

Кога колачот ќе се излади, ставете го шлагот, а врз него може да ставите и цимет.

Добар апетит!

За оние кои не се љубители на јаболка, ви препорачуваме рецепт за есенски колач со сливи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар