27 природни чуда во светот кои секој би требало да ги посети

Природата се погрижила да имаме спектакуларни места кои секој човек би требало да ги посети. Сепак, животот е премногу краток за да живееме само за работа и плаќање сметки, зарем не?

1. Викториини водопади, на граница меѓу Зимбабве и Замбија

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SAFARI DMC (@safaridmc) on

Два пати се поголеми и подлабоки од водопадите на Нијагара и се сметаат за најголеми водопади во светот. Звукот на водата која паѓа е толку силен што се слуша на далечина од 38 километри, а маглата која ја создава водата додека паѓа се гледа на одалеченост од дури 48 километри.

2. Парикутин, Мичоакан, Мексико

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julian Cely (@july_mreko) on

Тоа е еден од најмладите вулкани на светот кој има прекриено две села со пепел во 1943 година, првиот пат кога еруптирал.

3. Јосемити, Калифорнија

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Among The Wild™ (@among_the_wild) on

Познат по своите портокалови зајдисонца и гласни водопади, Јосемити е еден од најпопуларните национални паркови во САД.

4. Големиот Кањон, Аризона

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GrandCanyonNPS (@grandcanyonnps) on

Се нарекува и геолошко чудо бидејќи пред стотици години го направиле сантите мраз. Неговите црвени карпи менуваат боја со положбата на сонцето, со што создаваат прекрасна позадина за која било фотографија.

5. Салар де Ујуни (Ујунска Солница), Боливија

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tastemade Travel (@tastemadetravel) on

Тоа е најголемата природна солена рамнина во светот која се простира на површина од скоро 6.600 километри квадратни. Кога се прелеваат езерата, регионот се претвора во рефлектирачки базен кој изгледа како да е од некоја друга планета.

6. Аурора Бореалис, Исланд

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NORWAY 🇳🇴 (@norge) on

Познатa e и како Северно светло. Експлозијата од бои се јавува поради судирот на честичките од сончевата атмосфера, а резултатот е нешто што треба да го доживеете.

7. Џангџаџе, Кина

 

View this post on Instagram

 

A post shared by hudaj هودج سفر (@hudajsafar) on

Познат по своите стрмни карпи, длабоки шуми и мостови кои се нишаат, ова е првиот национален шумски парк во Кина.

8. Големиот корален гребен, Австралија

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Reuben Nutt (@reubennutt) on

Се работи за најголемиот состав на коралски гребени на светот и една од најдобрите дестинации за одмор. Се простира на повеќе од 2.900 километри низ источниот брег на Австралија и е подолг од Кинескиот ѕид.

9. Сахара, Африка

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leila (@_leila_ae) on

Сахара опфаќа 11 африкански земји, и е најголемата и најимпресивна пустина која се простира на 5,6 милиони километри квадратни.

10. Монт Еверест, на граница помеѓу Непал и Кина

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mount Everest (@mounteverestofficial) on

Ова е највисокиот врв на Земјата кој се протега неверојатни 8.848 метри кон небото. Да се искачи овој хималајски врв е голем предизвик на кои се согласиле малку луѓе. Сепак, искуството е незаборавно.

11. Островите Галапагос, Еквадор

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Galapagos Islands (@lovegalapagos) on

Познати се по тоа дека го воодушевиле и Чарлс Дарвин. Игуани, фоки и пингвини се само некои од станарите кои живеат на овие сликовити острови.

12. Езерото Гранд Призматик, Вајоминг

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Family First Foundation (@familyfirstfoundation) on

Иако не е најпознат дел од националниот парк Јелоустоун, ова езеро секако е највпечатливо и нуди поглед кој никогаш не се заборава.

13. Мохер, Ирска

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irish_daily (@irish_daily) on

Една од најпознатите туристички дестинации во Ирска. Највисоката точка достигнува 214 метри.

14. Малдиви

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Maldives (@visitmaldives) on

Сместени се во Јужна Азија и се составени од 26 прекрасни атоли (ниски прстенести корални гребени) преполни со морски животни. Плажите на Малдивите се покриени со бел песок кој ги мами туристите од целиот свет.

15. Ха Лонг, Виетнам

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mường Thanh Hospitality (@muongthanh.hospitality) on

Овој премин е сместен на североисточниот дел на виетнамскиот залив Тонкин. Овој регион е популарна дестинација за кајакарите и оние кои летаат со падобран.

16. Комодо, Индонезија

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Superfood from Bali, Indonesia (@baliorganix) on

Познат е по страшните гуштери кои го носат истото име, но и раскошните тропски шуми и прекрасни плажи кои ги разубавува розовиот песок.

17. Улуру, Австралија

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Explore Uluru (@exploreuluru) on

Ова е огромна карпа која се наоѓа во средишниот дел на Австралија.

18. Преминот на џиновите, Северна Ирска

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gareth Wray (@garethwrayphotography) on

Се создал по вулканска ерупција пред приближно 50 милиони години. Се работи за локација со илјадници црни цилиндрични карпи која ги дели Северна Ирска и Шкотска.

19. Санти мраз, Гренланд

 

View this post on Instagram

 

A post shared by #dnesletim (@dnes_letim) on

Иако климатските промени си го направиле своето, сепак посетителите можат и денес да ги видат сантите како пливаат во водите.

20. Нијагарини водопади, САД и Канада

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NATASHA | food & travel (@foodandtravel604) on

Два од трите водопади се наоѓаат во САД, а еден во Канада. Инаку, Нијагара во превод од јазикот на домородните американски Индијанци значи „вода која грми“.

21. Езеро Пејто, национален парк Банф, Канада

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hollie (@hollipolli88) on

Опколено со зелена шума, познато е по својата сина нијанса која го одзема здивот, посебно кога се гледа во комбинација со карпите кои што се наоѓаат во близина.

22. Езеро Хилиер, Австралија

 

View this post on Instagram

 

A post shared by View To Fiew (@viewtofiew) on

Ова езеро е сместено на неколку метри од Индискиот океан, а светски е познато по својата природна розова боја на водата. Бојата ја даваат бактериите кои живеат во езерото.

23. Памукале, Турција

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Çiçek Sever (@cicek_kokulu_yollar) on

На турски би значело „памучен дворец“, а се наоѓа во близина на градот Денизли. Луѓето кои го посетиле ова место велат дека имаат чувство како да се во некој сон.

24. Калливите вулкани во Азербејџан

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rachel Pimm (@rachelpimm) on

Во самиот центар на Азербејџан, во националниот пар Гобустан, се наоѓаат овие вулкани кои се комбинации од кал и метан.

25. Мермерни пештери, Патагонија, Јужна Америка

 

View this post on Instagram

 

A post shared by United Marble Fabricators (@unitedmarble) on

Мермерните карпи се наоѓаат во срцето на Патагонија кои меѓу себе се разликуваат по формата и пастелните нијанси. До нив е можно да се стигне само со брод и се сметаат за едни од најизолираните природни чуда во светот.

26. Национална шума Ел Јунке, Порторико

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @cristina_tranghese on

Ел Јунке е една од еколошки најразновидните тропски прашуми, иако е релативно мала. Оваа шума е дом на разни видови папагали, змии, жаби, гуштери итн.

27. Кањо Кристалес, Колумбија

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Caño Cristales (@elriomashermosodelmundo) on

Велат дека личи како сцена од рајот, па затоа често се наоѓа на листите на места кои мора да се посетат.

Овие дестинации ги гледаме на фотографии, па дури и во филмски сцени, а следниве 11 магични места биле инспирација за најпознатите анимирани филмови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар