Ништо полесно! Домашен сладолед од само 3 состојки

Променете го мислењето дека за домашен сладолед ви требаат многу состојки, труд и време. Овој овошен сладолед ќе го направите брзо и лесно, а основната состојка која ви е потребна се бананите.

Ice cream

Потребни состојки (за 4 топки):
  • 1 банана
  • Јагоди
  • Ливчиња од свежо нане
Начин на подготовка:
  1. Бананата и јагодите замрзнете ги и потоа извадете ги од фрижидерот и оставете ги неколку минути надвор малку да се отпуштат за да можете да ги миксирате (но сепак да останат замрзнати).
  2. Потоа миксирајте со рачен миксер или во блендер, додека не добиете густа паста. Ако е потребно додадете лажица-две вода. Додајте ги и ливчињата нане и повторно промешајте.
  3. Ставете ја смесата во сад, поклопете ја и вратете ја во замрзнувачот. Оставете ја таму додека не постане цврста, но сепак да може да се извади со лажица. Доколку сакате, на секои 15 минути можете да ја промешувате смесата со лажица и повторно да ја враќате во фрижидер.
Совети:
  1. Количината на јагодите и нането одредете ја според вашиот вкус. По желба смесата можете да ја засладите, но имајте предвид дека бананата дава природна блажина.
  2. Ако не го изедете целиот сладолед, можете да го вратите назад во замрзнувачот, но пред да го послужите повторно треба да го извадите малку да омекне.
  3. Основата на сладоледот се бананите, а останатите состојки можете да ги менувате и додавате по желба, на пример чоколадо, карамела сос, друго овошје.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар