Модни детали што ќе внесат ведрина и во најтмурните денови

Кога дождливото време е дел од пролетните денови, не очајувајте и пробајте да си го кренете расположението со неколку свежи модни детали. Еве 7 предлози кои ќе ви помогнат да внесете малку ведрина и во најтмурните, дождливи денови.

1. Чевли во свежа боја

Модни детали што ќе внесат свежина и во најтмурните денови

Најкласичен начин за внесување на повеќе боја во секојдневниот изглед се чевлите. Црвени, сини, жолти, балетанки или штикли, па дури и металик нијансите, може да бидат вистинско освежување, особено кога облеката што ја носите е во темни и монохроматски тонови.

2. Чанта во јака боја

Модни детали што ќе внесат свежина и во најтмурните денови

Носењето на чанта, во јака, впечатлива боја е многу побезбеден начин за постигнување на истиот ефект. Најдобар избор се чантите со едноставни и чисти линии, како плик чантите или пак големите торби.

3. Масивен накит

Модни детали што ќе внесат свежина и во најтмурните денови

Огромен хит оваа сезона е повторно масивниот накит, кој е многу впечатлив и уметнички. Особено тренди се гломазните ланци, како и покомплексните парчиња накит инспирирани од aцтеки стилот. Секако, поелегантните и класични варијанти секогаш функционираат.

4. Реси

Модни детали што ќе внесат свежина и во најтмурните денови

Ресите се враќаат во мода и ги разигруваат чевлите, чантите како и другите делови од гардеробата. Затоа, одберете некоја чанта со ваков моден детаљ и подобрете си го расположението без разлика на времето.

5. Светкав накит

Модни детали што ќе внесат свежина и во најтмурните денови

Кога надвор е облачно и нема многу природна светлина, ставете некој скапоцен камен, кој позитивно ќе влијае на вас. Доколку не сте во можност да поседувате вистински скапоцени камења, одлучете се за природните, како кварцот и цирконот, кои не се многу скапи, а сепак ќе завршат работа.

6. Интересни прстени

Модни детали што ќе внесат свежина и во најтмурните денови

Во изминатиов период особено популарни беа масивните прстени или носењето на повеќе мали различни прстени на целата рака. Овие уникатни трендови сѐ уште важат, па зошто да не си поиграте со боите и стиловите и не уживате во убавото расположение?

7. Марами во најразлични бои

Модни детали што ќе внесат свежина и во најтмурните денови

Дождливото и променливо време во пролет е одлична шанса за разигрување на изгледот со марама во свежа боја. Одберете марама од летен материјал, како лен, памук или свила. Ќе изгледате лежерно, а сепак толку фенси.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар