Тестирајте го вашиот вид: Кого гледате на сликата?

Тестирајте го вашиот вид: Кого гледате на сликата?

Поставете го екранот на нормална оддалеченост и погледнете во сликата. Би требало да го видите лицето на големиот научник Алберт Ајнштајн. Сега благо замижете со очите или оддалечете се од мониторот продолжувајќи да гледате во сликата. Ја забележавте сега можеби холивудската дива Мерлин Монро?

1-testirajte-go-vashiot-vid-kogo-gledate-na-slikata-kafepauza.mk

Монро-Ајнштајн е хибридна, двојна слика, која е дело на д-р Ауд Олив од американскиот универзитет МИТ. На фотографијата би требало јасно да го видите Алберт Ајнштајн, но бидејќи се работи за оптичка илузија, кратковидните лица ќе ја видат и Мерлин Монро.

Ако го гледате Ајнштајн од нормална оддалеченост – имате нормален вид.

Ако при нормална оддалеченост ја гледате холивудската дива – вие сте кратковиди и веројатно ви требало да го коригирате видот со очила или со контактни леќи.

Ако пак сте кратковиди и веќе носите очила, можете да се забавувате со овој тест – тргнете ги очилата и ќе ја видите Мерлин, вратете ги назад, ќе го видите научникот.

2-testirajte-go-vashiot-vid-kogo-gledate-na-slikata-kafepauza.mk
 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар