Никогаш немојте да ги терате децата да ги прават овие 8 работи

Никогаш немојте да ги терате децата да ги прават овие 8 работи

Да се биде родител е голем предизвик, но и најтешката работа на која треба да ѝ пристапите одговорно и совесно. Додека ги одгледувате своите деца, можеби некогаш ќе им го повишите тонот или ќе направите некои грешки за кои не сте свесни. Поради тоа, прочитајте како да си ја олесните улогата на родител.

Никогаш немојте да ги терате децата да ги прават овие 8 работи

1. Не терајте го детето да јаде, освен ако не е гладно

Лекарите советуваат три големи оброци на ден и пет помали, но треба да се има предвид дека секое дете е различно. Нашето тело нè предупредува кога треба да јадеме и кога да пиеме.

Размислете дали некогаш сте виделе дете кое нема гласно да стави до знаење ако е многу гладно.

2. Не присилувајте го да биде тоа што не е

Ако вашето дете е срамежливо, прифатете ја таа особина и не ја менувајте. Немојте да го терате да се дружи со многу деца ако тоа сака да игра само со еден најдобар пријател.

3. Не треба да се извинува ако не знае што згрешило

Многу често на игралиште ќе ги слушнете родителите како им наредуваат на своите деца да се извинат за одредени работи. Децата ќе се извинат, но нема да знаат што направиле погрешно. Затоа, објаснете им што направиле погрешно.

4. Не инсистирајте детето да го поздравува секој минувач што ќе му се насмевне

Правилото „не разговарај со странци“ помага да ги заштитите децата од оние луѓе што немаат добри намери.

5. Немојте да го терате да спие во посебен кревет против своја волја

Секој родител има свое мислење, но генерално не треба да ги принудувате вашите деца да направат нешто за што не се подготвени.

Оставете ги самите да одлучат кога ќе бидат подготвени да спијат во својот кревет и во својата соба.

6. Немојте да го ставате детето на диета затоа што е дебело

Иако некои деца се подебели од своите врсници и треба да ја намалат тежината поради здравјето, тоа не значи дека треба да им воведете ригорозна диета.

Давајте му на детето здрава храна, зеленчук и овошје, а не слатки и сокови и тогаш нема да има потреба за диета.

7. Не присилувајте го детето да прави активности што не ги сака

Ако вашето дете сè уште не ги совладало основните вештини по неколкумесечното тренирање фудбал, можеби тој спорт не го привлекува доволно. Дозволете му само да избере друга активност што ќе го интересира.

Да прави нешто во коешто е добро е одлично искуство што влијае на самодовербата.

8. Не дозволувајте вашето дете да спие кај други ако не сака

Некои деца едноставно не сакаат да спијат кај својот другар затоа што ја сакаат својата соба и појадокот на мајката.

Ако вашето дете ви каже дека не сака да спие кај некој друг, не оставајте го таму без оглед на тоа какви обврски или планови имате. Најважно е детето да се чувствува безбедно и заштитено.

Прочитајте и дали е добро да ги заспивате вашите деца лежејќи покрај нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар