Невропсихолозите предупредуваат: Најголемата грешка што ја прават родителите на машки деца

Иако живееме во 21 век, сѐ е уште е длабоко вкоренето верувањето дека машките деца уште од мали треба да се воспитуваат да бидат силни. Тоа не важи само за Балканот, туку и за целиот свет. Имено, се мисли дека синовите не треба толку да се милуваат и од нив се очекува да бидат силни, да не плачат и да бидат борбени. Сепак, науката не се согласува со ова мислење.

Невропсихолозите предупредуваат: Најголемата грешка што ја прават родителите на машки деца

Неодамнешните истражувања откриле дека момчињата во првите години од својот живот треба да бидат третирани со повеќе нежност и сочувство од девојчињата. Па, зошто е толку тешко да се воспитуваат машките деца?

Познатиот невропсихолог Алан Шор спровел истражување во кое докажал дека десната хемисфера на мозокот се развива побавно кај момчињата одошто кај девојчињата. Што значи ова? Најпросто кажано, момчињата се помалку чувствителни на звуците и на луѓето кои ги опкружуваат, што може да ги направи понапорни и „потешки“ за воспитување. Потешко им е да се справуваат со стресот, бидејќи не се толку отпорни на невропсихолошките нарушувања кои се манифестираат во раното детство, како што се недостатокот на внимание, аутизмот и други.

Поради тоа, момчињата кои имаат построги мајки и кои уште од мали ги воспитуваат со цврста рака, без многу емоции, стануваат поанксиозни што влијае на формирањето невронски врски во мозокот кои се одговорни за самоконтролата и социјализацијата. Решение за тоа е нежната и силна врска помеѓу синот и мајката, заснована на разбирање и исполнување на детските потреби за љубов и блискост. Тоа има огромно влијание на развојот на мозокот токму во првата година од животот.

Невропсихолозите предупредуваат: Најголемата грешка што ја прават родителите на машки деца

Во продолжение прочитајте ги и 4-те совети што Алан Шор им ги дава на родителите:

1. Не ги разделувајте синовите од мајките по раѓањето. Одвојувањето од мајката веднаш по породувањето предизвикува огромен стрес кај сите деца, но за момчињата тоа е од голема важност, бидејќи кај нив се забележува ненадеен пораст на стрес хормонот, кортизол. Ако бидат подолго време разделени од мајките, високото ниво на стрес се одржува некое време, а тоа има сериозно влијание на мозочниот развој и здравјето на детето.

2. Поминете го целото породилно отсуство со синот или бидете постојано со него барем до првиот роденден. Во тој период момчињата се најранливи.

3. Не бидете строги со нив, особено во првата година од животот. Одбегнувајте ги стресните ситуации и бидете трпеливи со нив, бидејќи тие многу добро ги забележуваат негативните емоции. Не им забранувајте да плачат и немојте да ги засрамувате поради тоа. Не оставајте ги сами кога се расплакани, дури и самите да се криви за тоа. Тие тогаш страдаат и им треба потврда дека заслужуваат љубов. Токму затоа, треба многу често да ги гушкате, милувате и бакнувате.

4. Надворешните отрови, како што е фенолот, имаат многу штетно влијание на малите момчиња. Тие можат да предизвикаат сериозни проблеми токму во развојот на десната хемисфера. Мора да внимавате на сите работи што ги опкружуваат вашите деца.

Во продолжение дознајте која казна делува и на најнемирните деца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар