5 причини зошто физичкиот допир е толку важен

Допирот најчесто се смета за едно од помалку користените сетила, па се става на последно место додека пак, на видот и на слухот им се дава многу поголема важност. Но она што можеби не сте го чуле досега е дека физичкиот допир е всушност најважното и најкористеното сетило. Вие секојдневно сте во контакт со толку многу работи и луѓе, што едноставно не можете да не им дадете значење на сите овие допири. Во продолжение прочитајте зошто тој е клучен за вас и зошто е потребно што повеќе да го зголемувате.

5 причини зошто физичкиот допир е толку важен

1. Физичкиот допир ви помага да заздравите

Масажите, акупунктурата и другите специфични лекови што вклучуваат допири се користат со векови. Допирот може дури и да ги исцели нашите умови – психолозите често користат допир за да им помогнат на жртвите на сексуален напад да ја вратат назад својата љубов кон себе.

2. Допирот помага при давање и добивање позитивна енергија

Постојат многу научни студии што ја поддржуваат оваа теорија. Позитивниот допир, како прегратка од пријател и држење за рака со саканата личност поттикнува ослободување на окситоцин, хормонот што прави да се чувствуваме подобро.

3. Допирот може да ви помогне да го добиете тоа што го сакате

Колкупати ви се случило со рака да допрете некого при обидот да му го објасните своето гледиште и вашето размислување скоро инстантно да биде прифатено? Тоа најчесто се случува и несвесно, а толку често што воопшто не се ни забележува.

4. Допирот ви помага да се поврзете со други луѓе

Близината што ја чувствуваме со саканите е секогаш поддржана со физички допир, но тој може да ви помогне и при запознавањето нови луѓе. Се сеќавате на проектот „Бесплатна прегратка“ и како влијаеше тој на луѓето? Со само една прегратка се цртаа насмевки на лицата на сите што учествуваа.

5. Допирот помага при комуникацијата

Кога разговараме, најчесто ги користиме рацете за гестикулации и допири со цел да ја нагласиме нашата мисла. На тој начин се создава поврзаност со чија помош полесно можеме да го искажеме тоа што го чувствуваме.

Прочитајте ги и овие 4 причини зошто е добро секојдневно да гушкате некого.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар