4 причини зошто е добро секојдневно да гушкате некого

4 причини зошто е добро секојдневно да гушкате некого

Авторката Ванеса Едвардс ја истражувала моќта на допирот. Таа вели:

„Нашата кожа е наш безбедносен систем, нашиот детектор за сензација и вратата кон светот околу нас. Допирот е првото чувство кое се развива кај човечкиот ембрион – помалку од 8 недели од зачнувањето, ембрионот има одвај 2,5 сантиметри и нема ни очи ни уши, но кожата е веќе развиена.“

4-prichini-zoshto-e-dobro-da-se-gushkate-sekoj-den-kafepauza.mk

На луѓето им се потребни кислород, храна, вода, но и допир. Допирот е сензација која ја имаме уште од многу мали. Човечкиот ембрион не може да гледа или да слуша, но може да чувствува допир. Допирот исто така е последното сетило кое се намалува во текот на староста.

Едно неодамнешно истражување од Универзитетот во Мајами забележало зголемување на тежината кај предвреме родените деца кои добивале терапија со масажа. Но што значи ова? Допирот е важен за секоја возраст. Погледнете ги 4-те причини зошто треба секојдневно да се гушкате со некој.

Гушкањето испушта „хормони на среќа“

Окситоцинот е хормон кој има многу голема улога во социјалното поврзување и репродукцијата. Гушкањето е еден од начините да го ослободите овој хормон, а тоа ќе ви помогне да ја зацврстите врската со вашиот партнер.

Гушкањето го подобрува имунитетот

Кога се гушкаме, телото почнува да произведува неколку хормони што помагаат во борбата со инфекциите, и овозможуваат привремено подобрување на имунитетот.

Гушкањето е одлично против стрес

Во едно истражување, научниците демонстрирале дека настануваат моќни антистрес ефекти кога се зголемува нивото на окситоцин.

Гушкањето ја зголемува моќта на мозокот

Гушкањето иста така позитивно влијае на мозокот бидејќи ги контролира хормоните кортизол и допамин. Допаминот, уште еден хормон кој го подобрува расположението, го подобрува вашето внимание, однесување, желба, додека кортизолот ги намалува. Ова е добро, бидејќи премногу кортизол може да ја зголеми анксиозноста и да ја намали когнитивната способност.

Погледнете ги и овие 10 причини за 8 прегратки на ден!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар