Неодолив десерт без калории: Сладолед од банана

Најдобриот рецепт за нискокалоричен сладолед од банана

Потребни состојки:
  • 1 поголема заледена банана
  • 2 лажици бадемов путер
  • Кокос и вишни (за декорација)
Начин на подготовка:

Исечете ја замрзната банана и ставете ја во блендер заедно со бадемовиот путер. Матете додека не добиете хомогена смеса. Ставете го сладолед во замрзнувач помеѓу 45 и 60 минути. Потоа извадете го, префрлете го во сад и декорирајте со кокосови трошки и вишни.

Пробајте го и овој  сладолед со банана и шумско овошје кој можете веднаш да го јадете.