Неколку причини поради коишто мажите лажат

Неколку причини поради коишто мажите лажат

Меѓусебната доверба е една од работите којашто е основа на добрата врска. Кога една врска не оди баш најдобро, најчесто причина за тоа се сомнежите, стравовите, грижите или пак несигурноста. И што се случува потоа? Важите грижи ве принудуваат да потврдите дали вие сте во право.

За сите оние што се чувствуваат измамено, овде ви прикажуваме некои од причините коишто даваат одговор на прашањето: Зошто мажите лажат?

1. Тие не сакаат да ги повредат вашите чувства. Доколку сте девојка која лесно се возбудува и прави драми кога ќе ви се каже вистината, тогаш мажите се принудени да го кажат она што сакате да го слушнете, сè со цел да го одржат мирот.

2. Не сакаат драматични ситуации. Доколку тие секогаш се искрени и ја кажуваат вистината, голема е веројатноста дека ќе предизвикаат драми, душевна болка, како и тага за двајцата, па зошто некој би сакал да го направи тоа? Иако искреноста е доблест којашто се цени, човекот настојува да го направи животот полесен, а не потежок.

3.Не сте благодарни. Доколку сакате искреност, најдете начин да го наградите тоа однесување, а не да го казнувате на тој начин што ќе направите тој да поминува низ пеколни ситуации.

4. Тие сакаат да ве импресионираат и/или не чувствуваат дека направиле доволно за вас доколку не додадат и малку лага. Од еден аспект, на ова може да се погледне како комплимент: вашиот дечко сака да ве импресионира. Реално тоа не е комплимент туку несигурно однесување, па затоа и не е вистинскиот темел на којшто треба да се заснова една врска. За да некој биде искрен со вас, тој треба да биде доволно сигурен во себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар