8 животни вистини кои ќе ви го променат животот

Лао Це е еден од најпознатите кинески филозофи и од него можеме да научиме многу моќни животни лекции. Тој е автор на делото „Тао Te Ching“ и се смета за основач на таоизмот. Лао Це со векови е централна фигура во Кина, а откако ќе ги прочитате неговите мисли ќе сфатите и зошто е тоа така.

(0)-8-zhivotni-vistini-koi-kje-vi-go-promenat-zhivotot-kafepauza.mk

1. Веќе го поседувате одговорот на сите животни прашања

„Во средиштето на вашето битие лежи одговорот на сите прашања; знаете кој сте и што сакате.

„Познавањето на другите е знак на интелигенција. Познавањето себеси е знак за вистинска мудрост. Владеењето со другите е сила. Владеењето со себе е вистинска моќ.“

„Кога ќе се ослободам од она што сум, станувам она што би можел да бидам.“

2. Кога се препуштате, тогаш се ослободувате

„Ако сакате да станете целина, дозволете си себеси да бидете непотполни. Ако сакате да бидете исправени, допуштете си себеси да бидете криви. Ако сакате да бидете исполнети, допуштете си да бидете празни. Ако сакате повторно да се родите, допуштете си да умрете.“

„Дали имате доволно трпение да почекате калта да падне на дното и водата да се разбистри? Можете ли да не се помрднувате додека не го дознаете вистинскиот чекор?“

3. Вашето его никогаш нема да ви донесе вистинска среќа

„Оној кој се дефинира себеси, никогаш нема да знае кој е вистински.“

„Оној кој има моќ над другите, нема моќ над себе.“

„Оној кој се обидува да блеска, ја придушува сопствената светлина.“

4. Злото умира кога се игнорира

„Не давајте му на злото ништо што ќе му покажува внимание и тоа ќе исчезне само од себе.“

5. Доброто секогаш победува. Злото секогаш губи.

„Од добрите зборови произлегува довербата. Од добрите мисли произлегува духовноста. Од правењето добро произлегува љубовта.“

6. Бидете тоа што сте

„Ако ви е важно одобрувањето од другите, вие сте нивни заробеник.“

„Ако сте задоволни од она што сте без натпреварување и споредување со другите, сите ќе ве почитуваат.“

7. Бидете скромни и ќе станете мудри

„Мудар човек е оној кој знае што не знае.“

„Сѐ што тече на крај се влева во море бидејќи тоа се наоѓа на помала висина. Неговата моќ е во неговата понизност.“

8. Промената е неизбежна – прегрнете ја

„Ако сфатите дека сѐ е подложно на промени, нема да се обидувате да се држите цврсто за што било. Ако не се плашите од смртта, не постои нешто што не може да го постигнете.“

„Новите почетоци се само затскриени и болни краеви.“

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар