Не мора повторно да одите на шопинг: Сигурно веќе ги имате овие есенски парчиња облека што се во тренд

Пристигнувањето на новата сезона значи и размислување за новите трендови и гледање во излозите со желба за шопинг. Но, пред да одите на шопинг, добро разгледајте што веќе имате во вашиот плакар од претходната сезона. Погледнете кои парчиња облека се во тренд оваа есен и како да ги комбинирате.

Блејзер со широк крој

Не мора повторно да одите на шопинг: Сигурно веќе ги имате овие есенски парчиња облека што се во тренд

Кога станува збор за облеката, есента е незамислива без блејзер. Ова е парче облека за сите пригоди. Совршено одговара со панталони, фармерки, здолништа, па дури и фустани. Пошироките кроеви се помодерни, така што можете да носите и подебели парчиња облека во комбинација со блејзер.

Не мора повторно да одите на шопинг: Сигурно веќе ги имате овие есенски парчиња облека што се во тренд

Класични црни фармерки или панталони

Не мора повторно да одите на шопинг: Сигурно веќе ги имате овие есенски парчиња облека што се во тренд

Секогаш мора да имате барем едно црно класично парче облека, што ќе биде основа за понатамошни комбинации. Црните фармерки се клучни за претстојната сезона, особено ѕвонарките. Комбинирањето нема да биде проблем, бидејќи речиси и да нема нешто што не можете да го споите со црни панталони или фармерки.

Не мора повторно да одите на шопинг: Сигурно веќе ги имате овие есенски парчиња облека што се во тренд

Сив џемпер

Џемперите се модерни во текот на есента, но модните експерти ставаат посебен акцент на сивите нијанси. Предимензионалните џемпери и ролките се многу популарни, но вие можете да го комбинирате она што го имате. Кардиганите можат да бидат одлични за многу комбинации, како и кратките џемпери со копчиња.

Не мора повторно да одите на шопинг: Сигурно веќе ги имате овие есенски парчиња облека што се во тренд

Карирано

Овој дезен е еден од синонимите за есен, особено во кафеави нијанси. Но, сега е актуелен во сите бои. Не е важно за какво парче облека станува збор, важно е да биде импресивно. Можете да изберете панталони, здолниште, фустан, палто, шал, беретка итн. Можете дури и да комбинирате повеќе карирани дезени, но важно е нивниот тон да биде сличен и да постигнете весел и разнобоен есенски изглед.

Не мора повторно да одите на шопинг: Сигурно веќе ги имате овие есенски парчиња облека што се во тренд

Црни чизми

Оваа сезона доминираат чизмите до глужд, па ако веќе имате такви, тоа ќе биде голема заштеда.

Не мора повторно да одите на шопинг: Сигурно веќе ги имате овие есенски парчиња облека што се во тренд

Погледнете кои 4 бои ќе доминираат оваа есен.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар