Не е секогаш најважно да бидете само среќни

Не е секогаш најважно да бидете само среќни

Среќата на некој начин стана обврска. Книгите за самопомош даваат безброј совети за како да престанете да се грижите, да ја најдете среќата и да се ослободите од негативните мисли. Шефовите бараат да бидете насмеани, но и да покажете ентузијазам. Кога ќе ве прашаат како сте, обврзани сте да кажете дека се чувствувате одлично. Но, според Сведен Бринкман, професор по психологија на Универзитетот Аалборг, културата на позитивното размислување има темна страна.

Не е секогаш најважно да бидете само среќни

„Среќата не е соодветен одговор на многу ситуации во животот. Верувам дека нашите мисли и чувства треба да бидат огледало на светот. Кога ќе се случи нешто лошо, треба да ни биде дозволено да имаме негативни мисли и чувства, бидејќи на тој начин го разбираме светот“, изјавил тој.

Наводно, постојаната среќа може и да ги влоши нештата, бидејќи кога ја лажираме, стануваме емоционално закржлавени.

„Одвреме-навреме животот е прекрасен, но исто така е и трагичен. Луѓето умираат во нашите животи, ги губиме, а ако ни е дозволено да имаме само позитивни мисли, тогаш оваа реалност ќе нè погоди уште посилно. Нема ништо лошо во тоа ако некој е природен оптимист или ужива во книгите за самопомош.“

Проблемот настанува кога среќата станува неопходна. На пример, на работното место фокусот често е ставен на позитивниот раст, а се занемаруваат вистинските тешкотии. Па сите се присилени да покажуваат среќа. Задолжителната среќа не е нешто што се случува само на работното место. Иако е нормално рутински да одговарате дека сте во ред, постои ризик вашето позитивно лице да доминира во социјалната сфера. Иако можеби ова е духовита и удобна атмосфера, не треба да го забрани разговарањето за траумите и кризите со блиските пријатели.

Негативните емоции се здрави

Во сето ова се вклопуваат книгите за самопомош.

„Книгите за самопомош им помагаат на луѓето да ја пронајдат среќата, но можат да поттикнат штетна перспектива за емоциите“, изјавил Бринкман.

Главната идеја дека секој може да се чувствува среќно, значи дека несреќните луѓе се виновни за нивната несреќа.

„На крај, негативните емоции имаат важна и здрава улога во тоа како го разбираме и како реагираме на светот. Вината и срамот се важни за моралот. Лутината е легитимен одговор на неправдата. Тагата ни помага да ја надминеме трагедијата. И среќата е одлична на овој начин, само не постојано.“

Дознајте и како да ја претворите зависта во мотивација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар