Мирување во бременоста: Исполнете го денот на вистинскиот начин

Мирување во бременоста: Исполнете го денот на вистинскиот начин

Секоја бремена жена е советувана да мирува, но што доколку не можете да седите на едно место? Можеби на почетокот ќе ви биде тешко, но штом научите добро да го исполните времето, мирувањето во бременоста не мора да биде здодевно. Погледнете ги овие забавни и креативни идеи што ќе ви помогнат да ја „убиете“ досадата.

Мирување во бременоста: Исполнете го денот на вистинскиот начин

1. Читајте

Сега е одлично време да ги прочитате сите книги коишто сте планирале. Наместете се удобно, направете шолја чај и уживајте.

2. Гледајте филмови

Доколку сте работеле напорно пред бременоста, веројатно сте немале време за гледање филмови. Доколку сакате да ги погледнете новите, или да се потсетите на постарите филмски класици, сега имате време и за тоа.

3. Направете маникир

Доколку не можете да одите во козметички салон, искористете го слободното време и експериментирајте со вашите нокти. Направете си домашен третман за вашите раце, а потоа играјте си со боите, шарите и апликациите за нокти.

4. Пишувајте

Купете си убава тетратка и фатете се за пишување. Пишувајте што било што ќе ви падне на памет. Можете да пишувате поезија, можете да пишувате раскази, а можете и да им напишете писмо на саканите. Доколку пак, повеќе сакате да пишувате на компјутер, можеби сега е вистинското време да започнете ваш блог.

5. Бавете се со уметност

Дали сте имале некое хоби кое за жал сте го запоставиле поради секојдневните обврски? Сега имате време да му се вратите и да му се посветите. Цртајте, фотографирајте, правете декупаж… која било активност за којашто ви се потребни вашите раце и мозок.

6. Направете споменар

Веројатно сте сакале да направите споменар, но сте немале време за тоа. Сега можете да направите споменар за вашето бебе во кое ќе ги ставате сите сеќавања пред и после неговото раѓање. Можете да направите и споменар за вас и за вашиот партнер, а во иднина сигурно ќе уживате додека го разгледувате.

7. Учете

Сега имате доволно време да го обновите знаењето од некој странски јазик, или пак, да научите некој сосема нов. Можете да се пријавите и на онлајн курс, или пак да ја замолите вашата баба да ве научи на плетење. Секоја нова вештина е одлична за вас, а на овој начин паметно ќе го искористите слободното време.

Погледнете и како да ја искористите бременоста за напредок во вашата кариера.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар