Навики кои ги влошуваат симптомите на грипот

Навики кои ги влошуваат симптомите на грипот

Започна сезоната на грипови и настинки, а многумина од нас кои немаат силен имунитет веројатно нема да бидат поштедени. Веќе ги знаеме советите на докторите за побрзо оздравување: многу течности и одмор. Но, треба да знаете и за некои навики кои ги имаме со кои несвесно ги влошуваме симптомите на грипот.

Навики кои ги влошуваат симптомите на грипот

Претерување со лекарства

Веројатно вашиот работодавач сака побргу да се вратите на работните обврски, но прекумерното консумирање лекови нема многу да ви помогне. Всушност, тоа може да подобри одредени симптоми, што ќе ве поттикне да мислите дека сте оздравени, иако вирусот сѐ уште е во вашето тело. На овој начин, само може да го повторите боледувањето и да ги заразите сите околу вас, а можете и да станете отпорни на лековите.

Гледање ТВ до доцна во ноќта

Нема ништо попријатно од гледањето добар филм додека сте покриени со ќебе. Сепак, доцното легнување може да ја влоши вашата состојба. На вашиот имунолошки систем му е потребно време да се одмори. Одморот и долгиот сон се покорисни отколку што мислите.

Ладен туш

Можеби сте слушнале од вашите мајки или баби дека ладниот туш е најдобар начин бргу да се намали телесната температура. Всушност, студената вода само ќе ви ја зголеми температурата. Кромидот е најдобриот природен лек кој помага при намалување на температурата за време на грип или настинка. Ставете облоги со исечкан кромид на стапалата за да се чувствувате подобро.

Кашлање во дланките

Секако, кашлањето или кивањето во рацете е подобро отколку исфрлањето капки насекаде околу вас. Сепак, доколку кашлате или кивате директно во дланките, вие оставате траги од вирусот на сѐ што ќе допрете и со тоа потенцијално ги заразувате останатите.

Чад од цигари

Чадот од цигарите ги оштетува белите дробови, а штетата е двојно поголема кога сте болни. Чадот може да ги воспали белите дробови и го влошува кашлањето. Намалете со пушењето и одбегнувајте да седите во зачадени простории додека сте настинати.

Прочитајте ги и 10-те митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да верувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар