10 митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да верувате

10 митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да верувате

За настинките најчесто ги обвинуваме клима уредите, ветрот и ниските температури. Некои луѓе дури веруваат дека е невозможно да добиете настинка два пати во една сезона. Други пак се убедени дека пиењето антибиотици ќе спречи настинката да се претвори во грип. Ова се 10-те најпознати митови за грипот и настинката и време е да престанете да верувате во нив.

1. Настинката може да се претвори во грип

10 митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да верувате

Настинката и грипот се предизвикани од различни вируси, па едното не може да се претвори во другото. Обично луѓето ги мешаат раните симптоми на двете болести. Овие карактеристики ќе ви помогнат да ги разликувате.

  • Настинката почнува со болно грло, главоболка, треска и течење на носот. Луѓето чувствуваат дека ќе настинат за 3-5 денови. Симптомите на грипот се треска, главоболка и болки во мускулите и се појавуваат многу брзо.
  • Ако имате настинка, обично температурата нема да се покачи. Доколку имате грип, температурата може да ви се качи и над 37,7 степени.
  • Ако имате грип, нема да се појави кивавица. Тоа е симптом на настинка.

2. Можете да ја лекувате настинката со антибиотици

10 митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да верувате

Антибиотиците не можат да се справат со вирус бидејќи неговата структура е поразлична од бактериските болести. Всушност, антибиотиците можат само да ја влошат ситуацијата – симптомите на настинка нема да исчезнат, а вирусот ќе продолжи да се шири.

Исто така немојте да земате антибиотици како превентива. Со ова ќе го ослабите вашиот имунитет и ќе создадете добра околина за вирусот. Со текот на времето лекот ќе стане помалку ефективен бидејќи бактериите можат да се прилагодат и да станат имуни.

3. Можеби не треба да ја лекувате настинката

10 митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да верувате

По правило, симптомите на настинката траат 3 денови. Но ако само чекате и не ја лекувате, може да настанат компликации и симптомите да траат 20-30 денови. Особено важно е да посетете лекар доколку почувствувате тешкотии при дишењето.

4. Не треба да земете боледување ако имате настинка

10 митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да верувате

Повеќето луѓе обично продолжуваат со работа кога не се чувствуваат добро. Постои и верување дека ако не си дозволите да се опуштите, настинката ќе помине побрзо. Всушност, ова само ќе го продолжи оздравувањето. Подобро е да останете дома два дена, па да се вратите на работа. Покрај тоа, вашата настинка е заразна и можете да инфицирате некој друг.

5. Секогаш треба да останете во кревет

10 митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да верувате

Ако имате настинка и цел ден останете во кревет, може да добиете бронхитис или пневмонија. Покрај тоа се намалува циркулацијата на крвта. Се разбира, не би требало веднаш да се упатите во теретана, но малку физичка активност нема да ви штети.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар