Направете си блескави нокти во домашни услови
Женските раце секогаш изгледаат нежно, модерно и уметнички доколку се убаво излакирани. Затоа, преку три видео туторијали, ќе ви прикажеме како да си направите блескави, фенси нокти, кои се прелеваат во неколку нијанси и бисерно блескаат на врвовите.

Летото е годишно време, кога лакирањето нокти е задолжителен моден додаток на вашиот стил, затоа не чекајте, набавете соодветни бои лакови и започнете со работа. Постапката не е комплицирана, така што не ви е потребна некоја особена уметничка дарба за правење ваков маникир.
Забелешка: Не мора да се ограничувате токму на овие бои на лакови. Експериментирајте и стилизирајте си ги нотките по ваш вкус. Доколку немате толку време за да ги средувате, доволно е да имате два лака, да речеме еден зелен и еден со зелени светки. Нанесете слој или доколку е потребно два од обичниот лак и откако ќе се исуши, од средината на нокотот кон врвот нанесете од лакот со светки и работата е завршена – добивте блескави, волшебни нокти.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
