Летно освежување на вашите нокти
Како што се наближуваат топлите денови, девојките долгите ракави кои ги носеле во зимските денови со огромно задоволство ги заменуваат со куси, а голите раце ги разубавуваат со разни тренди алки и прстенчиња. Неизоставен дел од летната шема се и убаво средените нокти, кои делуваат уште пошик доколку се дизајнирани на уникатен начин, кој ќе ве направи забележителни и препознатливи.
Доколку сте креативни и умеете сами да си ги декорирате ноктите, погледнете ги фантастичните дизајни на нокти кои ви ги предложуваме да ги пробате, а доколку не сте доволно умешни, испринтајте го овој пост и појдете во студио за разубавување, каде ќе ù покажете на козметичарката кој е вашиот избор на маникир за оваа сезона.












Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
