Направете перфектни кадрици на вашата коса без употреба на никаков уред!

Што се однесува до косата, фризурата од која не се откажуваме во зимските месеци е секако брановидната, а фактот дека постои многу едноставен метод за постигнување на совршени кадрици, дополнително не охрабрува да ја испробаме што е можно побрзо.

Методите за виткање без помош на уреди не се ништо ново, но сепак наоѓањето на оној метод што дава кадрици како од фризерски салон е доста голем предизвик. Сепак, нема простор за очај, бидејќи токму таквиот метод се наметна оваа сезона како оној што треба да го пробате и самите за да се уверите во одличните резултати!

За да добиете перфектни кадрици ви требаат неколку силни гумени ленти и малку подолга, подебела лента, а ви препорачуваме да ја користите онаа од бањарката. Следниот чекор е да нанесете спреј за виткање на косата и да започнете со виткање. Косата мора да се подели на два дела и да се завитка околу лентата влакно по влакно. Целиот процес најдобро ќе го видите на видеото, а на крајот од процесот, обезбедете сè добро со гумени ленти и лак за коса. Ако е можно, седете една ноќ вака, а следното утро пуштете ја косата!

Погледнете кои бои на коса што ќе бидат во тренд во 2021 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар