Направете домашни „Twix“ чоколатца

Направете домашни „Twix“ чоколатца

Со овој рецепт ќе направите 20 вкусни чоколатца

Направете домашни „Twix“ чоколатца

Потребни состојки за тестото на бисквитот:
  • 150 г путер, омекнат
  • 125 г шеќер
  • 280 г брашно
Потребни состојки за слојот од карамела:
  • 20 меки карамели
  • 2 лажици слатка павлака
Потребни состојки за чоколадниот прелив:
  • 300 г чоколадо за готвење
Подготовка на тестото на бисквитот:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Едно мало тавче за печење постелете го со алуминиумска фолија и намрсете ја одозгора.

Во голем сад, со миксер измешајте ги путерот и шеќерот додека не добиете креместа смеса. Потоа додадете го брашното и миксајте на најслаба брзина додека не добиете хомогена смеса. Смесата истурете ја во тавчето за печење и израмнете ја рамномерно. Печете 15-тина минути, а потоа оставете го тестото целосно да се олади.

Подготовка на карамелата:

Во еден стаклен сад ставете ги карамелите и двете лажици слатка павлака. Ставете го садот околу 30 секунди во микробранова печка за да се стопат карамелите, потоа извадете ги и измешајте ги. Повторете ја оваа постапка 4-5 пати. Откако ќе добиете убава хомогена смеса исипете ја врз бисквитот и ставете го тавчето во фрижидер, убаво да се излади околу час и половина.

Подготовка на чоколадниот прелив:

Во стаклен сад ставете го чоколадото и пуштете го на 30 секунди во микробранова печка за да се стопи. Потоа измешајте го и вратете го назад. Постапката повторете ја 4 пати.

Подготовка на чоколатцата:

Земете еден плех за печење и постелете го со алуминиумска фолија. Бисквитот исечете го на тенки еднакви парчиња со дебелина на прст. Потоа со помош на виљушка, прободете ги штанглите и потопете ги во растопеното чоколадо. Чоколатцата редете ги на плехот и откако ќе ја завршите постапката со сите, оставете ги во фрижидер 10 минути за да се стврдне чоколадото.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар