Најчестата грешка што ја прават родителите, а која нема врска со нивните деца

Најчестата грешка што ја прават родителите, а која нема врска со нивните деца

Новата животна улога со себе носи бројни предизвици, а овде не спаѓаат само непроспиените ноќи, воспитувањето на децата и промените на навиките.

Најчестата грешка што ја прават родителите, а која нема врска со нивните деца

Неретко, новите родители забораваат на себеси, на своите потреби, но и на потребите на партнерот, па љубовниот живот секогаш е во втор план. Сепак, луѓето не го прават ова свесно.

Дури кога ќе станете родител најверојатно ќе сфатите што значи да имате малку време, така што нештата ќе почнете да ги мерите во секунди, а не во денови. Овој хроничен недостаток од време, во комбинација со заморот од непроспиените ноќи, може да резултира со заладен однос помеѓу партнерите.

Покрај недостатокот од време, понекогаш проблемот се крие и во хормоналните промени низ кои минуваат жените. Поради ова, нивната желба за секс може целосно да се промени.

Во многу бракови и врски, односот помеѓу партнерите страда бидејќи сè што прават родителите, го прават за нивното дете. Всушност, ова е најчестата грешка на новите родители – забораваат кои биле пред раѓањето на нивното дете.

Комуникацијата помеѓу партнерите е исклучиво за детето, неговиот успех или неуспех, па родителите престануваат да бидат пријатели и љубовници и се фокусираат само на новата улога. Доколку се препознавате, не сте сами, бидејќи поголемиот број родители минуваат низ оваа фаза. Всушност, повеќето луѓе во долги врски минуваат низ неколку сексуални фази, а ова е една од нив. Сега потребно е да ги поправите работите.

За ова зборувал и еден од најпознатите теоретичари за семејство, Џаспер Џул, кој смета дека занемарувањето на партнерот не е добро за него, не е добро за вас и воопшто не е добро за вашите деца.

„Одвојте време за себе за да се потсетите како е да бидете само партнери. Одвреме-навреме одете сами во кино, излезете без деца, излезете на вечера, одете на викенд и кажете им на децата дека сега мама и тато ќе мислат само на себе“, советува Џаспер.

Квалитетниот љубовен однос не настанува самиот од себе и потребно е напорно да работите за него. Иако можеби не звучи романтично, можете да ја подобрите врската и со договорен секс. Некои истражувања покажале дека на 1 од 5 парови, овој начин им е поромантичен и пострастен од спонтаниот секс.

Секој пар треба да ја пронајде неговата формула за успех. На овој начин партнерите ќе се потсетат каков им бил животот пред децата. Ова е особено важно, бидејќи еден ден децата ќе пораснат и ќе го напуштат домот, а вие и вашиот партнер повторно ќе останете сами. Сигурно не сакате после толку време да помислите дека живеете со странец.

Знаете ли која е најголемата грешка што ја прават родителите на машки деца?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар