7 видови мажи со кои никогаш нема да бидете среќни во врска

Потрагата по вистинскиот партнер може да биде навистина напорна. Бидејќи навидум изборот е голем, навистина е тешко да го одберете правилниот и да откриете дали овој пат станува збор за вистинската љубов. Постојат некои видови мажи на кои воопшто не треба да го трошите вашето време. Најчесто тие нема да се променат, а вие воопшто нема да бидете среќни со нив.

7 видови мажи со кои никогаш нема да бидете среќни во врска

1. Повредени

Ова се мажи на кои во минатото им се случило нешто лошо. На секој од нас му се случуваат лоши работи, но разликата е што овие мажи не го преболeле тоа. Поради ова, никогаш немаат доверба во другите и постојано се огорчени. Речиси е невозможно да ги натерате да се помират со минатото, а тоа не е ни ваша задача. Среќната врска со овие мажи е речиси невозможна.

Реченица што често ја користат: „Сите жени се исти.“

2. Детинести

Овие мажи можат да бидат особено напорни, бидејќи постојано одбиваат да преземат одговорност за нивните постапки и нивниот живот. Во врската со ваков маж ќе треба да се справувате со две личност – маж и дете. Ќе треба да го подготвувате, да внимавате на термините и да ги завршувате сите важни задачи. Можеби на почетокот тоа ќе ви изгледа неважно, но со текот на времето ќе ве измори и ќе ви ја уништи врската.

Реченица што често ја користат: „Ќе можеш ли да ме потсетиш утре дека имам закажано преглед?“

3. Мажи кои не сакаат да се врзат

Овие мажи имаат успешна кариера, добар животен стандард и знаат што сакаат. Проблемот е што најчесто вие не сте тоа што го сакаат. Овој вид мажи не сакаат да се врзуваат за една жена, па прават сè за да го направат тоа. Зборот „брак“ не постои во нивниот речник. Овие мажи постојано се во лов на жени, но бараат само кратки авантури.

Реченица што често ја користат: „Ќе ти се јавам.“

4. Вљубени во себе

За овие мажи важи едно нешто – сакаат сите да им се восхитуваат, особено жените. Тие се сакаат себеси повеќе отколку што можат да сакат некоја жена. Тие бараат партнерка која секојдневно ќе им кажува колку се неверојатни, односно партнерка што ќе им го храни егото. Поради тоа, овие мажи најчесто бараат жени со ниска самодоверба, коишто можат да ги манипулираат.

Реченица што често ја користат: Сè што започнува со „Јас“.

5. Играчи

Кај овие мажи постои опасност да ви го скршат срцето бидејќи навистина знаат да глумат. Тие се шармантни, користат слатки зборови, внимателни се и се вистински професионалци за давање комплименти. Но ова е сè додека не завршите во неговиот кревет. Тогаш ќе се покаже и неговото друго лице – ќе стане недостапен, нема да ви се јавува и нема да покажува интерес. Проблемот е што веќе сте се вљубиле во него.

Реченица што често ја користат: „Сега не сум подготвен за врска.“

6. Користољубиви

Овие мажи се особено опасни бидејќи покрај срцето, можат да ви ги украдат и парите. Најчесто тие се движат околу жени кои имаат пари, кои лесно веруваат или кои се осамени. Овие мажи се навистина шармантни и слаткоречиви. Поради ова, релативно брзо постигнуваат успех. Штом еднаш ќе западнете во неговата стапица, тој ќе почне да бара финансиска помош од вас, секогаш со ветување дека ќе ви врати. Се разбира, тоа никогаш нема да се случи.

Реченица што често ја користат: „Ако ме сакаш, ќе ми помогнеш.“

7. Мажи што бараат изговори

За овие мажи сè е возможно – деца, венчавка, големи патувања… Проблемот е што колку повеќе зборуваат за големи планови, толку побрзо наоѓаат изговори да не ги направат. Овие мажи никогаш не ги исполнуваат нивните ветувања.

Реченица што често ја користат: „Ќе има подобра прилика.“

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте во врска со маж кој сака да ве направи среќни.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар