Моќта на живеењето без очекувања

Моќта на живеењето без очекувања

Дали некогаш сте влегле во театар на претстава или во кино сала да гледате филм кој бил толку многу фален од сите околу вас, но по нивното завршување сфаќате дека ве разочарале бидејќи не ги достигнале вашите очекувања? Што кога отидовте да гледате друга претстава или филм за кои не знаевте ништо, а сепак си отидовте дома пријатно изненадени?

Моќта на живеењето без очекувања

Ова е само еден пример како нашите очекувања (или неочекувања) можат да играат огромна улога во начинот на кој ги дочекуваме нашите искуства. Ричард Бендлер еднаш рекол, „За разочарувањето потребно е соодветно планирање“. Токму оваа мисла допира до една многу важна вистина за падовите кои може да се појават од одредени очекувања во животот.

Бидејќи кога навистина ќе размислите за ова, ќе сфатите дека можете да бидете разочарани или незадоволни од нешто само ако претходно сте поставиле одредени стандарди како тоа искуство „би требало“ да биде. Ако не очекувате ништо за вашиот роденден и добиете автомобил за подарок, тогаш ќе бидете необично пресреќни за вашето ново возило, без разлика за која марка станува збор. Но, ако очекувате скап спортски автомобил и наместо него добиете Југо, најверојатно е дека целосно ќе се разочарате и воопшто нема да бидете задоволни со подарокот.

Кога ќе искусите некои ситуации без очекувања, тогаш е невозможно да бидете разочарани. Дури и во најлош случај, вие ќе си отидете од тоа искуство пријатно изненадени.

Но, сепак не смееме да ги отфрлиме СИТЕ очекувања. Тие можат да бидат добри и корисни и многу е важно да имаме барем минимални очекувања пред да навлеземе во одредени ситуации. На пример, ако очекуваме дека ќе имаме испит на одреден датум, тогаш сигурно ќе почнеме порано да учиме и ќе се погрижиме колку е можно повеќе да бидеме подготвени.

Како што веќе спомнавме, проектирањето во иднината и детерминирањето на тоа што ќе го очекуваме може да биде важна „алатка“ во подготовка за одредени ситуации, но не и за сите ситуации. Во наредниве неколку случаи, немањето очекувања може многу повеќе да ни помогне:

Отвореност на умот

Кога запознаваме нова личност, ако го направиме тоа со одредени предрасуди (посебно ако се базирани врз стереотипите кои вклучуваат раса, пол, религија, кариера…), тогаш уште на почетокот поставуваме граници за тоа како ќе се поврземе со таа личност. Но, ако одлучиме да се запознаеме со таа нова личност без никакви претходни очекувања или судења, тогаш ние сме многу поотворени при запознавање на личноста онаква каква што навистина е.

Спонтаност

Кога ќе се најдеме во ситуација со строги очекувања и со ограничувања за тоа како очекуваме одредена ситуација да се одвива, тогаш оставаме премногу мал простор за спонтаност. Но, ако во истата ситуација навлеземе без никакви очекувања, тогаш си даваме можност да дејствуваме на неочекувани начини. Ослободувањето од очекувањата е одличен начин да си отвориме врата кон нови можности. Понекогаш нашите претпоставки ја ограничуваат нашата перспектива и ги ограничуваат нашите избори. Доколку едноставно ги отфрлиме, тогаш ќе се појават сосема нови перспективи и флексибилност во нашите мисли и дејства.

Креативност и решавање на проблеми

Исто како што „неочекувањата“ можат да ја отворат вратата кон спонтаноста, тие исто така можат да им помогнат на нашата креативност и начинот на кој решаваме проблеми. Ова се случува поради тоа што кога ќе ја отвориме нашата тесна перспектива, си даваме себеси многу повеќе простор за размислување на различни потенцијални решенија за проблеми кои можеби воопшто и не би ги помислиле доколку сме се држеле до претходните очекувања.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Filip Reply

    Ocekuvajte so merka. Pregolemi ocekuvanja ke ve povredat, a premali nema da ve odnesat nikade.

Остави коментар