Модно тројство: Оваа пролет не смеете да останете без овие 3 аксесоари!

Време е да ја направиме пролетта поубава. Секогаш е добро да се одлучите за едноставни, чисти и сведени модели кога е облеката во прашање, но и фини модни детали кои ќе го надополнат целиот изглед. Затоа издвоивме 3 аксесоари, 3 парчиња накит со кои можете да направите вистинско чудо со дневните комбинации. Без разлика за каква модна комбинација и стил се работи, овие детали ќе направат секоја од нив да изгледа поатрактивно и секогаш поразлично!

1-modno-trojstvo-ovaa-prolet-ne-smeete-da-ostanete-bez-ovie-tri-aksesoari-www.kafepauza.mk_

1. Часовник

Го започнуваме ова мало модно патување со првиот дел од тројството – часовникот. Освен тоа што го покажува точното време, доколку изберете часовник кој одговара на вашиот стил ќе добиете и совршен детаљ кој ќе го измени целиот изглед. И кога ќе облечете сосема опуштена модна комбинација која е идеална за прошетка или кафе со пријателките, или пак некоја елегантна, работна, вечерна комбинација, часовникот ќе им даде една посебна нота што не можете да ја добиете ниту со една бразлетна. Исто така, кога ќе изберете часовник кој е впечатлив и прилично видлив, не морате воопшто да размислувате и да се грижите за останатиот накит, бидејќи нема да ви биде потребен.

2-modno-trojstvo-ovaa-prolet-ne-smeete-da-ostanete-bez-ovie-tri-aksesoari-www.kafepauza.mk_ 3-modno-trojstvo-ovaa-prolet-ne-smeete-da-ostanete-bez-ovie-tri-aksesoari-www.kafepauza.mk_

2. Ланче

Следниот аксесоар на списокот е ланчето кое секогаш го менува изгледот на горното парче облека и ѝ дава посебна нота. Помина времето кога огромен тренд беше да се носат големи, луксузни ланчиња кои целосно го одвлекуваа вниманието, како од самата модна комбинација, така и од лицето, па време е работите да се сменат. Доволно ќе ви биде едно ланче за целата сезона. Едноставен модел со преврзок во облик на некое животно, ќе биде одличен избор кој веднаш можете да си го дозволите. Иако изгледаат нежно и скоро незабележливо, ваквите ланчиња ќе ви дадат единствен, уникатен изглед кој отсекогаш сте го посакувале.

4-modno-trojstvo-ovaa-prolet-ne-smeete-da-ostanete-bez-ovie-tri-aksesoari-www.kafepauza.mk_

3. Обетки

А сега да го затвориме овој круг и да преминеме на третиот дел од модното тројство. Можеби и сосема очекувано, трети во низата се обетките. Како што беше случајот со ланчињата, така и обетките еден временски период беа поголеми, масивни и впечатливи, но и тој тренд сосема се измени. Дискретните, ситни обетки сепак ќе бидат најприфатениот модел, и не само тоа, туку и модел кој го воодушевува целиот моден свет. Иако се ситни, тие даваат посебност на самиот изглед, бидејќи ѝ овозможуваат мала мистичност на целата комбинација, па со самото тоа и на личноста која ги носи. Нежни и романтични, ќе го дадат својот завршен печат, односно ќе делуваат како „цреша на шлагот“ кога со нив ќе ја заокружите целата модна комбинација.

5-modno-trojstvo-ovaa-prolet-ne-smeete-da-ostanete-bez-ovie-tri-aksesoari-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар