7 знаци дека вашето момче никогаш нема да ве запроси

Некои мажи имаат проблем со сериозното врзување, поради што ретко се женат за своите партнерки. Ви претставуваме кои знаци откриваат дека мажот нема брак на памет.

1-toj-ne-saka-seriozna-vrska-7-znaci-deka-vasheto-momche-nikogash-nema-da-ve-zaprosi-www.kafepauza.mk_

1. Ве остава сами да се снаоѓате на забавите

„Мажот кој има проблем со врзување со задоволство ја ‘покажува’ својата избраничка на забавите, но не поминува премногу време во нејзино друштво“, тврди психологот Лаурел Хаус, авторка на книгата „По ѓаволите со правилата: Водич до љубов без игри“ (Screwing the Rules: The No-Games Guide to Love).

И покрај тоа што заедно ќе влезете и ќе се поздравите со сите, по некое време ќе го „снема“ и ќе мора сами да се снаоѓате – дури и никого да не познавате…

2. Секогаш сака да правите нешто заедно

Ве носи во ресторани, на изложби и други екстравагантни состаноци, но никогаш не ви предлага да останете дома и да не правите ништо?

„Овој тип маж преферира да се опушти сам од стресниот ден, и не ги вклучува останатите луѓе во своите секојдневни активности како што е купувањето храна“, истакнува Лаурел.

3. Сака да ги слави успесите со вас, а да ги избегне поразите

Убаво е кога мажот чувствува потреба за споделување на среќните моменти во својот живот, но ако никогаш не зборува за неудобните искуства, тоа би можело да биде знак за опасност.

„Овој маж не гледа поддршка во вас. Тешко дека долготрајно ќе се поврзи со личноста што ја гледа на таков начин“, вели психологот.

2-toj-ne-saka-seriozna-vrska-7-znaci-deka-vasheto-momche-nikogash-nema-da-ve-zaprosi-www.kafepauza.mk_

4. За иднината зборува само под дејство на алкохол

Ако за вашата заедничка иднина зборува само кога е под дејство на алкохол – неговите намери не се сметаат. Она што навистина го открива се зборовите кои ќе ги каже со „трезна глава“. Мажите кои не планираат однапред, исто така, се они кои не сакаат да бидат со партнерката во подолга врска.

5. Не сака да ви угодува во кревет

На мажите главно не им е потребна предигра, додека ретко која жена може да го постигне врвот без неа. Ако партнерот не се грижи за вашите сексуални желби откако јасно сте ги изразиле, тоа е добар знак дека вашата среќа не му е на првото место.

6, Често критизира наместо да помага

Конструктивната критика е составен дел од нашиот живот, која може да ни помогне да станеме подобри и поквалитетни личности. Но, ако вашиот партнер постојано ги ви критизира мислењата и постапките, тој се обидува да ве промени.

7. Никогаш не бара ваш совет

Ако мажот во вашиот живот бара совети од своите пријатели и семејството, но никогаш од вас, тоа е знак дека не ги смета за важни вашите размислувања. Големи се шансите дека не планира долготраен однос со жената за која нема добро мислење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар