Модерни летни варијанти на кошули на преклоп

Ако не можете да се замислите себеси во поопуштена варијанта и претпочитате да носите кошули во текот на летото, кошулите на преклоп се идеално решение за вас. Покрај здолништата и фустаните на преклоп, ова парче облека е совршено за дневните летни прошетки и за вечерните излегувања. Исто така, доволно е елегантно за да го носите и на работа. Ова лето, фокусот е ставен на речиси сите модели на кошули на преклоп – без ракави, со ракави во форма на ѕвонче, тесни, кратки, со принт и минималистички модели.

Модерни летни варијанти на кошули на преклоп

Истовремено истакнувајќи го и криејќи го вашето деколте, овие кошули се идеални за атрактивен и елегантен изглед, а совршено се комбинираат со тесни фармерки, со ленени панталони, со ѕвонарки или со здолништа со висок струк. Покрај тоа, убаво ќе се вклопат и во комбинација со шорцови и со бермуди.

Изберете очила со затемнети стакла, голем шешир и високи потпетици и ќе изгледате навистина фантастично. Бела кошула на преклоп со ракави ѕвонарки, црни тесни панталони и сандали до глуждовите е комбинација со која не можете да погрешите.

Кошулите на преклоп се доволно атрактивни сами по себе, што значи дека не ви требаат премногу детали за да оставите убав впечаток. Може да постигнете елегантен изглед комбинирајќи сина кошула на преклоп и жолти широки панталони. Погледнете ги фотографиите за да добиете инспирација за вашата следна комбинација.

Модерни летни варијанти на кошули на преклоп

Модерни летни варијанти на кошули на преклоп

Модерни летни варијанти на кошули на преклоп

Модерни летни варијанти на кошули на преклоп

Модерни летни варијанти на кошули на преклоп

Модерни летни варијанти на кошули на преклоп

Модерни летни варијанти на кошули на преклоп

Модерни летни варијанти на кошули на преклоп

Погледнете кои се 3-те летни модни императиви што ќе владеат оваа сезона.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар