Модерна роденденска торта која можете да ја обликувате во сите видови форми

Израдувајте ја посебната личност во вашиот живот со уникатна торта

Потребни состојки:
За тестото:
  • 220 грама путер
  • 2 лажички маслиново масло
  • 1 јајце
  • 140 грама шеќер во прав
  • 450 грама меко брашно
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • Изрендана кора од лимон
  • Прстофат сол
За филот:
  • 120 грама путер
  • 300 грама крем сир или маскарпоне
  • 120 грама шеќер во прав
  • Изрендана кора од лимон
  • 1 лажичка екстракт од ванила
За декорација:
  • Свежо овошје
  • Јаткасти плодови
Начин на подготовка:

Изматете ги путерот, јајцето, маслото и шеќерот. Додавајте го брашното полека. Замесете го тестото. Оставете го во фрижидер да одмори на еден час, а во меѓувреме исечете ја хартијата за печење во обликот на тортата што сте ја замислиле.

Поделете го тестото на два дела. Едниот дел ќе ви треба веднаш, а другиот можете да го вратите во фрижидер. Тестото што го имате пред вас, ставете го хартијата со обликот што сте го исекле и исечете ја формата со помош на нож.

Ставете го тестото во претходно загреана рерна на 220 степени Целзиусови и печете околу 10-тина минути. Во зависност од вашата рерна и дебелината на тестото можете да го прилагодите ова време. Кога ќе се испече, оставете го тестото да се олади, а во меѓувреме повторете ја постапката и со другото тесто.

Откако и двете ќе се оладат, ставете половина од филот над едното тесто и поставете го другото врз него. Останата половина распределете ја на врвот на тортата. Бидете креативни со надворешниот дел и слободно декорирајте по ваша желба. Користете овошје и јаткасти плодови за најдобар вкус.

Ако ви треба инспирација за формите, погледнете ги следниве одлични фотографии од Инстаграм: