Трогателна приказна за мајката што родила бебе со тежок вроден дефект само за да ги донира нејзините органи

Во четвртиот месец од бременоста, Криста Дејвис и нејзиниот сопруг, Дерек, дознале тажна вест. Нивната неродена ќерка била дијагностицирана со аненцефалија – тешка вродена малформација поради која фетусот се развива без дел од мозокот. Во случајот на Рајли Аркадје Ловет, како што ја именувале нејзините родители, мозокот бил толку слабо развиен што докторите им дале две опции – Криста можела да ја прекине бременоста веднаш или пак, да почека до терминот на породување за органите на ќерка ѝ да се доразвијат и потоа да ги донира на бебињата на кои би можеле да им помогнат.

На Криста не ѝ требало време да ја донесе правилната одлука, според неа.

„Кога јас не можам да го одведам моето дете дома, одлучив да им дадам шанса на другите мајки да го сторат тоа“, изјавила оваа храбра мајка.

Таа ја носела уште пет месеци во себе, давајќи ѝ доволно време да порасне и нејзините органи да се развијат до крај. Во текот на целата бременост, докторите ја подготвувале Криста за неизбежното, односно за тоа дека Рајли би можела да поживее само околу половина час по породувањето, но девојчето успеала да издржи цела недела.

„Не можам да ви опишам колку неверојатно чувство беше тоа. Јас мислев дека ќе имам само половина час со моето дете, но добив цели седум дена“, објаснува таа.

Како Рајли да сакала да ѝ се заблагодари на мајка си што одлучила да ја задржи до самиот крај. Во текот на таа недела, родителите постојано биле со неа.

„Не би го сменила тоа време за ништо на светот“, напишала Криста во објавата на Фејсбук страницата што ја посветила на нејзината ќерка.

По смртта, Рајли поминала низ операција, но поради изгубениот кислород, само дел од нејзините органи биле спасени.

„Ни кажаа дека срцевите залистоци беа искористени за да се спасат други две бебиња, а белите дробови ги искористиле за истражување на аненцефалијата“, додава Криста којашто во моментов трпи неизмерна болка, но сепак е среќна затоа што други мајки во своите раце држт дел од нејзината Рајли.

До сите нови мајки: Дознајте зошто НЕ СМЕЕТЕ да дозволите да го бакнуваат вашето новороденче!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар