4-те хороскопски знаци што го мразат Денот на вљубените со целото срце

За некои знаци, Денот на вљубените е најубавиот празник во годината. Тие со целото срце го чекаат овој ден за да ги опсипат саканите со љубов, внимание и многу подароци. Но, кога станува збор за овие 4 хороскопски знаци, тие попрво би лежеле на кауч и би гледале во таванот пред нив наместо да се „мачат“ со сите очекувања што ги носи овој ден. Погледнете за кои знаци станува збор…

1. Јарец

Јарците се одговорни, детерминирани и дисциплинирани, но исто така знаат да бидат и песимисти коишто не сакаат другите да им кажуваат што да прават. Нивната практичност им помага да направат совршен план за трошење и штедење, па затоа и не сакаат да „фрлаат“ пари за непотребни нешта. Тоа е и причината зошто не сакаат никој да им кажува дека токму на тој ден треба да купат подарок за партнерот, на тој начин покажувајќи ги своите емоции и однесувајќи се на одреден начин.

2. Водолија

Додека Водолиите се интелигентни, пријателски настроени и креативни, тие исто така можат да бидат и малку емоционално одвоени. Нивните артистички мозоци понекогаш прават да изгледаат неодговорно, па затоа и сосема ќе заборават дека Денот на вљубените воопшто постои. Но, тоа не е нивна вина. Ако се навистина инспирирани да бидат романтични и да го слават овој ден со партнерот, ќе организираат нешто навистина спектакуларно, а ако почувствуваат дека некој ги притиска да го сторат тоа – најверојатно ќе одложуваат, ќе заборават или едноставно ќе кажат дека не се заинтересирани.

3. Девица

Девиците се организирани, одговорни и реалистични, и празникот што вклучува на цвеќиња што умираат, чоколади што се јадат и претерано скапи вечери им изгледа будалесто на нив. Тие попрво би ги потрошиле парите на нешто што ќе трае, како на пример, инвестирајќи во некое парче технологија или пак, во брендирана чанта. Девиците се едноставно премногу логични за да потрошат цела плата на цветни декорации.

4. Скорпија

Додека Скорпиите се најинтензивните и најемотивните знаци во целиот Зодијак, тие исто така можат да бидат и љубоморни, опсесивни и параноични, па целата идеја за Денот на вљубените може да биде премногу за нив. Притисокот да најдат совршен подарок, порака со длабоко значење и да организираат незаборавен љубовен состанок може да ги фрли Скорпиите во лудило, па затоа и попрво би го прескокнале целиот овој процес. Исто така, љубовта на Скорпиите не може да биде задржана за само еден ден во годината.

Дознајте и што навистина мислат сите хороскопски знаци за Денот на вљубените.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


Please enter an Access Token on the Instagram Feed plugin Settings page.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар