Моден додаток заради кој ќе ве гледа цела плажа: Секси синџирчиња околу стомак

Моден додаток заради кој ќе ве гледа цела плажа: Секси синџирчиња околу стомак

Се подготвувате за летен одмор на море, веќе ги спакувавте задолжителните парчиња облека и модните додатоци како очилата за сонце, марамите, апостолките, алките, ланчињата и обетките… Што велите оваа година да го надградите вашиот куп со аксесоари со нешто ново? Ви ги претставуваме синџирите кои се носат околу стомак и изгледаат тотално шик, секси и фенси.

Ова не е типичен летен накит како крупните алки и ѓердани во јаки бои, ланчињата кои се носат на глужд и ножните прстени. Oва е парче накит кое може да изгледа многу забавно и софистицирано, а може да се комбинира со ланчиња во сличен стил и да се носи на колкови или повисоко на стомакот. Разбива моногинија, без разлика дали е метален во златни или сребрени нијанси, или пак е составен од пластични перли во боите на морето, во еден ред или во повеќе, со дискретни или со повпечатливи украси.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар