6 вистини кои морате да ги знаете ако (не) сакате да останете бремени

6 вистини кои морате да ги знаете ако (не) сакате да останете бремени

Сте се одлучиле за дете и веќе некое време се обидувате. Разговарате со пријателките и дознавате за разноразни методи кои ги зголемуваат шансите да останете бремени. Но во таа размена на факти и совети од лично искуство се шират и многу погрешни информации, па затоа ги разбиваме митовите со следниве 6 важни информации кои треба да ги знаете било да сакате да останете бремени, било да сакате да го избегнете ова во моментов.

6-vistini-koi-morate-da-gi-znaete-ako-ne-sakate-da-ostanete-bremeni-kafepauza.mk

МИТ 1: Можно е да останете бремени во кој било момент во текот на месецот

ВИСТИНА: За да забремените потребно да е имате однос пред и во текот на деновите на овулација. Најплодни денови се 2-3 дена пред овулацијата и на самиот ден на овулација.

МИТ 2: Менструалниот циклус трае 28 дена и секоја жена овулира на 14-тиот ден од циклусот

ВИСТИНА: Просечниот менструален циклус трае 28 дена, но секоја жена е различна и дури кај половина жени циклусот варира околу 7 дена или повеќе. Со оглед на различното траење на циклусите, различен е и денот кога настапува овулацијата, па затоа може да биде многу тешко да се утврдат плодните денови.

МИТ 3: Мерењето на телесната температура ќе ви помогне лесно да забремените

ВИСТИНА: Мерењето на телесната температура е непожелно ако сакате да останете во блажена состојба. На жените им се качува телесната температура дури после овулацијата, кога веќе е доцна за оплодување на јајце клетките во рамките на тој месечен циклус.

МИТ 4: Никогаш не сум користела хормонални методи на контрацепција, па затоа би можела брзо да забременам

ВИСТИНА: Само затоа што вашите хормони не биле под влијание на хормонски контрацептивни средства не значи дека сте во предност. Вашето тело можеби само може подобро да ги регулира хормоните, но на плодноста влијаат и бројни други фактори, не само контрацептивите.

МИТ 5: Првото дете го зачнав лесно, така што со следната бременост не би требало да имам проблеми

ВИСТИНА: Нема сигурен доказ за вакво тврдење. Ќе бидете постари, ќе имате помалку време за сексуални односи, а можеби ќе имате и друг партнер. Ако имате помалку од 35 години и се обидувате да забремените веќе подолго од една година, задолжително разговарајте со лекар (6 месеци ако имате над 35).

МИТ 6: Можете да забремените во текот на менструацијата

ВИСТИНА: Ако имате многу краток менструален циклус и крварите во текот на повеќе денови на почетокот на циклусот, можно е да бидете на почетокот на плодните денови пред да ви заврши менструацијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар