Луѓето кои одат бавно се изложени на поголем ризик од срцеви заболувања

Луѓето кои одат бавно се изложени на поголем ризик од срцеви заболувања

Кога брзате и треба да стигнете некаде на време, последното нешто што ви треба е човек кој се влече на улица пред вас. Овие бавни пешаци го попречуваат зафатениот тек на животот, но тие не само што ги нервираат останатите туку и си штетат самите себеси. Имено, најновите истражувања откриле дека луѓето кои одат бавно се изложени на поголем ризик од срцеви заболувања.

Луѓето кои одат бавно се изложени на поголем ризик од срцеви заболувања

Резултатите од истражувањата покажале дека брзината на вашето одење може да влијае на здравјето на вашето срце и да го зголеми ризикот од прерана смрт. Истражувачите го анализирал одењето на 420.000 луѓе во период од 6 години, како и нивните шанси за прерана смрт. Тие откриле дека кај бавните пешаци постојат од 1,8 до 2,4 пати повеќе шанси да починат од срцево заболување за разлика од брзите пешаци.

Меѓутоа истражувачите веруваат дека ова се должи на активниот животен стил на луѓето кои одат брзо. Според нивните претпоставки, брзите пешаци се физички поактивни и во подобра форма за разлика од бавните пешаци. Поради сето тоа, луѓето кои одат брзо немаат проблеми со висок крвен притисок, прекумерна тежина и пасивен начин на живот, што се најголемите причинители на срцевите заболувања.

Доколку вие сте едни од тие забавени пешаци кои се влечат како целиот свет да застанал, можеби не можете да си помогнете и навистина не сакате да брзате во животот. Но, со оглед на можните ризици што ви се закануваат, најверојатно подобро би било да ги забрзате работите. Никој не вели дека треба да станете маратонци, но постојат голем број секојдневни начини на коишто можете да го „зачините“ вашиот живот со малку движење и активност.

Дури и најмалата физичка активност може да ви донесе неверојатни здравствени придобивки. На пример, одбегнувајте ги лифтовите. Ако видите голем број скалила, искористете ја оваа можност за да повежбате малку. Малите нешта како качувањето по скали наместо возењето во лифт може да направат голема разлика во вашиот живот.

Освен тоа може да правите 10-минутни интензивни вежби секој ден. Без разлика колку сте зафатени, сигурно можете да издвоите 10 минути од вашиот ден и да ги посветите на вашето здравје.

Исто така, ако користите јавен превоз, симнете се неколку станици порано и поодете 10 или 20 минути. Не морате да одите побрзо доколку не сакате, но барем ќе се движите повеќе, а тоа е главната цел.

Мотото „Полека, но сигурно“ несомнено ќе ве одведе до крајната цел, но кога се работи за здравјето на вашето срце, навистина би требало да се потрудите малку повеќе за да го направите она што е најдобро за вашето тело.

Доколку сакате да ја зголемите вашата физичка активност, прочитајте со кои спортови најбрзо се слабее.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар