7 бесмислени лаги со кои вашите родителите се служеле додека сте биле помали

Главниот извор на информации на секое дете се неговите родители. Но, тоа не значи и дека тие се најдоверливиот извор. Во продолжение ви ги откриваме 7-те најбесмислени лаги со кои сите наши родители нè лажеа во детството, а ние пак, безусловно им верувавме.

1-7-besmisleni-lagi-so-koi-vashite-roditelite-se-sluzhele-dodeka-ste-bile-pomali-www.kafepauza.mk_

1. „Кога лажеш, ушите ти зацрвенуваат“

Со овој трик знаеле да се користат многу родители. Но, црвените уши не се знак за лажење. Всушност, крвните жили во ушите ја регулираат температурата на телото, а доколку се зацрвенат, тоа значи дека телото се прегрева. Другата популарна варијанта била: „Носот ќе ти порасне како на Пинокио доколку лажеш“.

2. „Потргни се од телевизорот, ќе ти се оштети видот“

Честопати оштетувањето на видот се поврзува со преблиското гледање во телевизор или во компјутер. Но, тоа не е вистина, бидејќи постои низа фактори заради кои доаѓа до оштетување на видот, а овие екрани ретко кога имаат некаква позначајна улога.

3. „Немој да ги ‘пукаш’ зглобовите, ќе добиеш артритис“

Во прашање е уште една невистина. Всушност не „пукаат“ зглобовите туку меурите воздух кои се наоѓаат помеѓу нив.

4. „Ако голтнеш гума за џвакање, таа ќе ти остане во желудникот неколку години“

Ова беше лагата за која секогаш размислувавме додека имавме гума за џвакање во нашите усти. Но, и гумата за џвакање се вари подеднакво како и останатата храна која ја консумираме. Единствена разлика е тоа што нејзиното варење ќе потрае малку подолго од обично.

2-7-besmisleni-lagi-so-koi-vashite-roditelite-se-sluzhele-dodeka-ste-bile-pomali-www.kafepauza.mk_

5. „Ќе добиеш брадавици ако допреш жаба“

Секако дека допирањето жаба не е најдобра идеја, но брадавиците се предизвикани од намален имунитет и од хумани папилома вирус.

6. „Ако предолго играш видео игри, ќе го расипеш телевизорот“

Без разлика на тоа колку долго ќе играте игри, телевизорот е потрошна роба која порано или подоцна ќе се расипе дури иако не се користи секојдневно.

7. „Косата ќе ти расте побрзо ако одиш почесто да се пострижуваш“

Редовното пострижување се препорачува заради одржувањето на здравјето на косата, но со премногу честото пострижување никому досега не му пораснала брзо.

Вистина е дека родителите се служат со разни лаги, а ова се лаги кои секој родител барем еднаш му ги кажува на своето дете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар