Љубовта кон себе не е лудило, таа е слобода!

Можеби некогаш сте ја мразеле личноста којашто сте. Можеби не ви се допаѓала вашата коса, бојата на вашата кожа, бројот на вашата облека. Можеби не сте го сакале вашиот нос или звукот на вашиот глас.

Љубовта кон себе не е лудило и ви е потребна

Можеби листата се протега до бескрај. Денес ви пречи едно, утре друго нешто. Мразењето себеси не одбира. Тоа може да продре и до најсилните умови.

Можеби и сега сте во таква ситуација. Не знаете како да се поправите. Не знаете како да направите да исчезнат лошите чувства кон себе. Можеби очајно сакате да изгледате и да се однесувате како некој друг. Како кој било освен како самите себе.

Но знаете што ќе ви помогне да се ослободите од очајот? Тоа што ќе научите да се сакате себеси, и тоа секој ден. Разбудете се наутро и кажете си дека сте убави, дури и кога не се чувствувате така. Престанете да барате љубов кај некој друг освен кај самите себе.

Натерајте се да излезете од удобната зона дури и кога навистина ви е страв. Секој ден правете ги нештата што најмногу ве плашат. Љубовта кон себе не е лудило како што ви кажуваат другите. И потребна ви е повеќе отколку што мислите.

Се разбира, можете да се разбудите и да го продолжите денот без неа. Можете да бидете во врска и да сакате некого без неа. Можете да постигнете големи работи, да им помогнете на многу луѓе и да бидете успешни без неа.

Но дали ќе ја знаете разликата кога некој ве сака и повредува? Дали ќе знаете кога треба да останете, а кога да си заминете? Дали ќе знаете да си ги шепнете позитивните зборови наместо оние токсичните што си ги кажувате предолго?

И дали ќе знаете дека правите нешто за себе или само се обидувате да се вклопите или да задоволите некој друг?

Ако љубовта кон себе е нешто што никогаш нема да го научите, сигурно ќе бидете во ред. Сигурно ќе имате добар, можеби дури и одличен живот. Но, никогаш мирен.

Дали сте се споредувале со други? Со личности кои како да сјаат од внатре? Можеби и тие не знаеле да се сакаат. Можеби се разбудиле едно утро и сфатиле дека им е доста од омразата кон себе. Можеби сакале нешто подобро. Можеби конечно сфатиле дека заслужуваат подобро. Па, почнале напорно да работат. Љубовта кон себе е тоа, таа е работа. Таа е болна, напорна и ослободувачка.

Па престанете да мислите дека љубовта кон себе е лудило. Кога ќе ја почувствувате ќе го сфатите тоа. Немојте да се откажувате од неа сè додека не сте ја пронашле, изучиле и почувствувале. Немојте да ја сметате за лудило сè додека не ја почувствувате онаква каква што навистина е – како слобода.

Ако не знаете како, овие совети ќе ви помогнат да ја развиете љубовта кон себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар