Овие 5 кутии со кристали го манифестираат токму она што ви е потребно вам и на вашиот хороскопски знак ова лето

Овие 5 кутии со кристали го манифестираат токму она што му е потребно на вашиот хороскопски знак ова лето

Како што летото ни се приближува, така се зголемуваат и нашите потреби. Сезоната на моќта, среќата, страста, копнежот и еуфоријата, влева инспирација во секој од нас. Летото повикува на трансформација и нè предизвикува да станеме подобра верзија од себеси. Нема подобар ден од 21 јуни, најдолгиот ден во годината, за да ја манифестираме реалноста за којашто сонуваме. Овој ден влева сончева енергија во вашата душа и ви дава јачина, мотивација, бистрина и мудрост. Ова е период, кога семињата засадени во пролетта, го достигнуваат својот најголем потенцијал. Со моќта на кристалите, начините на коишто тие семиња ќе растат, се во неограничен број.

Овие 5 кутии со кристали го манифестираат токму она што ви е потребно вам и на вашиот хороскопски знак ова лето

Дури и најголемите скептици, не можат да ја порекнат благотворната, енергетска моќ на кристалите. Вибрациите коишто тие ги испуштаат можат да ве успокојат, но и да ве водат кон откривање на вашите најдлабоки желби. И покрај тоа што уметноста на алтернативното лекување со помош на кристали звучи одлично, кај нас многу не се зборува за оваа тема, па веројатно не би знаеле од каде да почнете. Затоа, благодарение на кристалните кутии на компанијата Kitsch, коишто се креирани според она што секој од нас го манифестира, би се почувствувале како сè да е возможно! Секоја од овие кутии, чини 26 американски долари.

1. Кутија со кристали за спокојство

Овие 5 кутии со кристали го манифестираат токму она што ви е потребно вам и на вашиот хороскопски знак ова лето

Доколку честопати во вашата глава поминуваат безброј стресни мисли и имате потешкотија да го пронајдете вашиот внатрешен мир во текот на денот, тогаш Кутијата за спокојство, ќе ви ја овозможи таа оаза на будност. Оваа кутија содржи аметист, селенит, бистар кварц и лабрадорит. Комбинацијата од овие 4 кристали ќе ја разбудат вашата спиритуалност, интуиција, спокојство, верба и хармонија. Наместо премногу да се грижите како досега, овие камења ќе ви помогнат да пронајдете стабилност во вашите најдлабоки искуства.

Доколку сте родени во некои од хороскопските знаци Близнаци, Вага или Водолија, оваа кутија може да ви донесе најмногу успеси во летниот период. Во неа, дури можете да додадете и разни билки, како што се жалфија, лаванда или слатка трева, за уште повеќе да го зголемите ефектот на кристалите. Воедно, можете да додадете и разни фотографии, писма или други сувенири од убави спомени.

2. Кутија со кристали за лична моќ

Овие 5 кутии со кристали го манифестираат токму она што ви е потребно вам и на вашиот хороскопски знак ова лето

Кутијата за лична моќ ќе ви ја поттикне самодовербата, по којашто сте во потрага веќе извесен период. Доколку страдате од ниска самопочит и несигурност, а сакате да се почувствувате храбро и сигурно, тогаш токму оваа кутија со кристали ви е потребна. Во нејзината внатрешност, ќе пронајдете розов кварц, црн турмализиран кварц, селенит и лапис. Ефектот на овие 4 кристали, ќе ви даде крилја да летате кон далечините за коишто отсекогаш сте сонувале. Оваа кутија ќе ве потсети колку сте силни и ќе ви направи сигурно во вашата способност да реализирате сè што ќе наумите.

Родените во хороскопските знаци Овен, Лав и Стрелец, ќе чувствуваат најголема потреба од кутијата за лична моќ. Со цел да ја максимизирате нејзината моќ, во неа можете да додадете разни предмети за мотивација, по ваш избор. Исто така, одлична идеја е во неа да вметнете и лист хартија, на којшто ќе ги напишете вашите намери и цели.

3. Кутија со кристали за просперитет

Овие 5 кутии со кристали го манифестираат токму она што ви е потребно вам и на вашиот хороскопски знак ова лето

Доколку сте уморни од собирање доволно пари за да го преживеете месецот и сте конечно подготвени за стекнување поголемо богатство и удобен живот, тогаш не треба да барате подалеку од Кутијата за просперитет. Ова кутија содржи флуорит, авентурин, селенит и цитрин. Кога овие 4 кристали ќе ги соединат нивните моќи, доаѓа до ослободување од финансиските ограничувања на нивниот сопственик. Ќе се чувствувате сигурни во себе и ќе започнете да работите уште понапорно, за да го добиете тоа заслужено покачување на плата, ќе имате желба да работите повеќе часови неделно и ќе имате мотив да ја си ја осигурите иднината, работејќи ја работата од вашите соништа.

Доколку вашиот хороскопски знак е Бик, Девица или Јарец, оваа кутија ќе ви даде чувство на успех, удобност и богатство, коешто отсекогаш сте го посакувале. Уште повеќе ќе го интензивирате ефектот на оваа кутија, доколку во неа ја складирате вашата парична заштеда, разни амајлии или било што, што сметате дека ви носи среќа.

4. Кутија со кристали за љубов

Овие 5 кутии со кристали го манифестираат токму она што ви е потребно вам и на вашиот хороскопски знак ова лето

Доколку се чувствувате подготвени лудо да се заљубите или да бидете окружени со прекрасни пријатели, тогаш Кутијата за љубов, е токму она што ви е потребно. Оваа кутија содржи розов кварц, розов турмалин, родонит и селенит, а овие 4 кристали ќе го исполнат вашето срце со страст, хармонија и нежност. Благодарение на оваа кутија, ќе се почувствувате како магнет, којшто привлекува вистинска и искрена љубов. Воедно, ќе се чувствувате и инспирирано несебично да ја споделите љубовта, со сите околу вас.

Ракот, Скорпијата и Рибите, може најмногу да ги ценат благодатите на моќта којашто се крие во Љубовната кутија. Во неа, можете да вметнете и предмети, коишто ќе го разбудат летањето на пеперутките во вашиот стомак, како што се на пример, фотографиите од вашите љубени, етерични масла, ливчиња од роза, па дури и огледалце, за да привлечете љубов кон самите себе.

5. Кутија со кристали за заштита

Овие 5 кутии со кристали го манифестираат токму она што ви е потребно вам и на вашиот хороскопски знак ова лето

Доколку сметате дека каде и да одите привлекувате негативна енергија, можеби треба да поработите на вашата самозаштита. Кутијата за заштита, е единствениот заштитен оклоп што ви е потребен. Таа ги содржи 4-те темни кристали, зачаден кварц, црн турмалин, селенит и оникс, коишто ги одбиваат токсичните вибрации и ја избиструваат вашата глава од разни исцрпувачки мисли. Доколку ја имате Кутијата за заштита до вас, ќе се чувствувате просветлени и ниедна темнина нема да успее да победи и онеспособи.

Кутијата за заштита може да ја користи буквално секој хороскопски знак во зодијакот. Во неа, можете да вметнете и други предмети коишто прават да се чувствувате моќно или ве потсетуваат на убави работи.

Овие 5 кутии со кристали го манифестираат токму она што ви е потребно вам и на вашиот хороскопски знак ова лето

Се уште не сте сигурни дали треба да верувате во моќта на кристалите? Во тој случај, можеби ќе верувате во зборовите на Никола Тесла. Тој рекол, дека енергијата, фреквенцијата и вибрациите на кристалите, можат да ни помогнат подобро да го разбереме самиот универзум. Кристалите осцилираат на нивна фреквенција и реагираат на разни вибрации. Клетките, како и разните чакри во човековото тело, исто така вибрираат на одредени фреквенции. Тоа значи дека кога доаѓаме во контакт со кристал, неговите вибрации влијаат врз клетките на нашето тело.

Може да ве интересира да прочитате и дали кристалите навистина имаат исцелувачки моќи или да одберете кристал и да добиете совет за вашата сегашна ситуација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар