Летен експеримент: Време е за маскара во боја

Сакате да ја сведете шминката на лицето на минимум во текот на летото? Немате трпение за голем број козметички потези? Потребна ви е само една работа што ќе ве направи да изгледате волшебно – маскара во боја.

Летен експеримент: Време е за маскара во боја

Кога станува збор за вечерната шминка, дозволете ѝ на класичната црна боја да одмори малку. На сцената доаѓаат виолетовата, сината, зелената и портокаловата нијанса.

Летен експеримент: Време е за маскара во боја

При изборот на маскара во боја, не постојат строги правила. Сепак, важно е остатокот од шминката да биде сведен на минимум за да не изгледате премногу шарено. Ако се плашите од крајниот резултат, усогласете ја бојата на маскарата со бојата на очите.

Летен експеримент: Време е за маскара во боја

Според тоа, ако имате сини очи, треба да пробате различни нијанси на виолетова боја. Убавината на кафените очи ќе ја истакнете со зелена или со сина маскара. Портокаловите трепки се добар избор за сините и за зелените очи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cori (@coriwoodward) on

Поиграјте со вашиот стајлинг и изберете иста боја на лак за нокти како бојата на маскарата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amanda Russo (@flourishandflairbeauty) on

Без разлика каква боја на маскара ќе изберете, нека биде збогатена со витамини што ќе ги негуваат трепките. Исто така, не заборавајте да ја отстраните маскарата кога ќе се вратите дома. На овој начин ќе ги избегнете иритацијата и можноста да ви паднат парчиња маскара во окото.

Погледнете ги новите трендови за шминкање што се доказ дека летото не е откажано.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар