Лековити билки што ќе ви помогнат во борбата против неплодноста

Брзото животно темпо, лошата исхрана и стресот се само некои од проблемите кои имаат лошо влијание врз здравјето. Поради овие нешта, жените често се соочени со хормонална нерамнотежа која предизвикува нередовна менструација, па дури и стерилитет.

Лековити билки што ќе ви помогнат во борбата против неплодноста

Неплодноста кај жените може да биде предизвикана од многу фактори. Покрај класичните методи, во лекувањето на неплодноста важна улога имаат и промените во начинот на живот, односно консумирање здрави намирници, намалување на стресот и земање додатоци во исхраната. Доколку се обидувате да останете бремени, можат да ви помогнат и следниве лековити билки.

1. Чај од вркута

Вркута е зелјеста билка од семејството рози и има добро дејство врз женското здравје. Ја подобрува плодноста, а истовремено го спречува крвавењето надвор од менструацијата.

Во шолја ставете две лажици вркута и прелијте ја со 250 милилитри врела вода. Оставете го чајот 10-тина минути. Пиете 2 до 3 шолји свежо подготвен чај секој ден.

2. Купка од вркута

Во литар вода ставете 40 грама суви листови од вркута и оставете ги да отстојат половина час. Чајот можете да го додадете во купка, или да го нанесувате како облога на стомакот 3 пати дневно.

3. Чај од здравец

И здравецот е зелјеста билка која е лековита заедно со нејзиниот корен. Ова растение го регулира менструалниот циклус и им помага на паровите кои долго се борат со неплодност.

Две лажици здравец прелијте ги со 2,5 децилитри зовриена вода и оставете да отстои 5 минути. Пијте по една шолја чај, два пати дневно.

4. Чај од оман

Оваа билка одамна се користи како народен лек. Со нејзина помош жените долго ја лекуваат неплодноста, а истовремено е ефикасна и за други здравствени проблеми.

Една лажица сув корен од оман прелијте го со 2,5 децилитри врела вода. Покријте го садот и оставете да отстои 15-тина минути. Пијте го чајот незасладен, наутро и навечер.

5. Масло од црн ким

Црниот ким употребувајте го во вид на масло што ќе го разредите – 1/2 лажичка во 1 децилитар топла вода. Пијте ја оваа смеса 2-3 пати дневно, во текот на 3-6 месеци.

6. Чај од жалфија

Поради бројните здравствени придобивки, жалфијата спаѓа помеѓу најлековитите билки на светот.

Во шолја со врела вода ставете 2 лажички сува жалфија. Покријте го садот и оставете го да отстои 15 минути. Пијте го чајот 2 пати дневно, по една шолја наутро и навечер. Важно е да знаете дека штом ќе забремените, треба да престанете со пиење, бидејќи жалфијата не се препорачува за бремени жени.

Прочитајте ги и овие совети за зголемување на плодноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар