Вработените даваат отказ поради лошите шефови, а не поради работата

Според експертката за човечки ресурси Алисон Мекмахон, шефот кој не се грижи, ниту пак се преправа дека се грижи за своите вработени не е добар.

Вработените даваат отказ поради лошите шефови, а не поради работата

Според неа, постојат бројни фактори зошто луѓето одлучуваат да дадат отказ, а некои од нив се премалата плата, бројот на работни часови, далечната локација и недостатокот од интерес. Но, според Алисон, најчестата причина за отказ од работното место е тоа што вработените се уморни да работат за лоши шефови.

Воглавно, луѓето се подготвени да се справат со лошите ситуации, сè додека им се допаѓа личноста за којашто работат. Доколку не можат да го поднесат својот шеф, вработените немаат причина да останат на тоа работно место.

„Во девет од десет случаи кога вработениот вели дека си заминува за повеќе пари, не е вистина. На повеќето им е неудобно да ја кажат вистината. Ако водите организација или фирма, вашите вредности и постапки треба да го инспирираат вашиот тим. Кога ова не се случува, ќе добиете помала продуктивност“, изјавила Алисон.

„Природно е порано или подоцна, некој кој е добар работник, но нема вештини за водење, да дојде во положба некој премногу да го надгледува, нешто што е проблем во многу фирми.“

Поради ова, голем број места се полни со незадоволни вработени.

Знаевте ли дека лошите шефови можат да ги разболат своите вработени?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар