Полесно до зачнување: Совети и исхрана за зголемување на плодноста

Ниту една жена не може да знае дали ќе има проблеми со зачнувањето сѐ додека не се обиде да забремени. Ако сте помлади од 35 години, и веќе година дена безуспешно се обидувате да останете бремени, тогаш обратете се кај вашиот гинеколог за навремено да го дијагностицира можниот проблем и да ви предложи понатамошно лекување. Ако имате 35 години или повеќе, морате побрзо да реагирате – обратете се кај експертите после половина година неуспешно обидување да забремените. Додека се обидувате да забремените, вие или вашиот партнер морате да го промените начинот на живот, но и исхраната, бидејќи е докажано дека одреден вид исхрана позитивно влијае врз плодноста.

1-polesno-do-zachnuvanje-soveti-i-namrnici-za-zgolemuvanje-na-plodnosta-www.kafepauza.mk_

Овулација

Пред сѐ, водете сметка за тоа кога можете да останете бремени и правилно пресметувајте ги плодните денови. Запишувајте ја во календар секоја менструација, бидејќи тоа ќе ви помогне да ги откриете деновите за овулација. Обидете се да водите љубов во овие денови, за да имате поголеми шанси да забремените. Не дозволувајте забрзаниот начин на живот, стресот и секојдневните обврски да влијаат и да му пречат на вашиот љубовен живот. Ако сакате да забременете, обидете се да имате здрав љубовен живот.

Стрес

Стресот е еден од главните причинители за неплодноста кај жените, заради тоа е многу важно да се ослободите од него, или барем да го намалите. Можете да го елиминирате на различни начини, а значително можете да го намалите со практикување на јога. Бидете редовно физички активни за да останете во форма и да бидете здрави, а имајте на ум и дека умереното вежбање може да ви помогне побрзо да останете бремени.

2-polesno-do-zachnuvanje-soveti-i-namrnici-za-zgolemuvanje-na-plodnosta-www.kafepauza.mk_

Вишок килограми

Физичка активност, но и правилна исхрана се клучни фактори за полесно забременување, бидејќи вишокот килограми ги намалува шансите за зачнување. Па затоа, доколку планирате потомство, водете сметка за вашата тежина, но задолжително посоветувајте се со вашиот доктор пред да се одлучите за диета.

Прехранбени навики

За да ја подобрите плодноста, во исхраната морате да вклучите здрави и хранливи намирници. Исто така, обидете се да не се прејадувате и хранете се од 4 до 6 пати дневно, со помали порции. Пијте доволно течности (најдобро обична вода), и избирајте квалитетна храна наместо пржена или студена. Избегнувајте храна која е полна со пестициди и хербициди, како и алкохол, а задолжително откажете се и од пушењето. Консумирајте намирници кои ќе ви помогнат полесно да останете бремени. Такви намирници се:

Риба

Рибите како што се лососот, сардините и скушите се богати со Омега-3 масни киселини кои ја поттикнуваат циркулацијата и влијаат на квалитетот и активноста на сперматозоидите. Притоа, водете сметка да јадете свежа риба која е уловена од природно живеалиште, наместо од оние кои се израснати во рибарница. Истото важи и за сите видови месо, па и за пилешкото. Со оглед на тоа дека е научно потврдено дека консумирањето риба ја подобрува способноста за зачнување, како кај мажите, така и кај жените, оваа намирница (или рибино масло во форма на хранлив додаток) задолжително треба да се внесе во исхраната.

5-polesno-do-zachnuvanje-soveti-i-namrnici-za-zgolemuvanje-na-plodnosta-www.kafepauza.mk_

Школки

Покрај рибата, и другите морски плодови, како што се школките, може позитивно да влијаат на плодноста. Школките, всушност, содржат цинк кој е задолжен за произведување на здрави сперматозоиди и јајце клетки. Цинк има во изобилство и во грашокот, јајцата, оревите…

Спанаќ

Зелениот лиснат зеленчук, особено спанаќот, содржи фолна киселина која е неопходна за здрав развој на плодот, но и за продукција на сперматозоиди и работа на јајниците. Експертите препорачуваат неколку месеци пред планирање на зачетокот да се земаат мултивитамински додатоци, кои содржат фолна киселина, бидејќи токму таа спречува појава на одредени оштетувања на плодот. Оваа намирница, исто така, е одличен извор на железо и витамин Ц, кои го зголемуваат квалитетот на спермата и го спречуваат оштетувањето на генетскиот код. Освен спанаќот, со фолна киселина се богати и производите од соја, грав, жолчка, компир, пченично брашно, зелка, брокула, цвекло, сок од портокал…

Житарки

Комплексните јаглехидрати како што се зоб, кафеав ориз и различните видови мешунки ќе ви ја овозможат потребната енергија за сексуалните активности. Тие исто така се и полни со витамин Б и Е кои се неопходни за развој на клетките, за хормонална рамнотежа и секако, за здрави јајце клетки и сперматозоиди. Притоа, избирајте житарки со цело зрно и интегрален ориз.

Сладолед

Едно истражување докажало дека кај жените кои дневно консумирале две или повеќе порции нискокалорични млечни производи е зголемен ризикот од неплодност и нарушувања во овулацијата за дури 80%. Спротивно на тоа, се покажало дека оние кои јадат барем еднаш дневно полномасни млечни производи, позитивно си влијаеле на својата плодност. Па, доколку сакате да забремените слободно секојдневно уживајте во порција сладолед.

4-polesno-do-zachnuvanje-soveti-i-namrnici-za-zgolemuvanje-na-plodnosta-www.kafepauza.mk_

Мед

Медот е одлична намирница за зајакнување на имунитетот, а исто така, е богат извор на минерали и аминокиселини кои позитивни влијаат врз репродуктивниот систем и работата на јајниците.

Авокадо

Авокадото, чиј облик потсетува на матка, го подобрува здравјето и функцијата на овој орган, а помага и во рамнотежа на хормоните. Исто така, го намалува ризикот од рак на матката и јајниците. Занимливо е и тоа што се потребни точно девет месеци за авокадото од цвет да стане плод. Исто така, ова овошје содржи незаситени масти кои може да ја зголемат плодноста. Едно истражување покажало дека жените чија исхрана била богата со овие масти, а кои биле вклучени во програмата за „ин витро“ оплодување, имале трипати поголем успех во обидот да забременат.

Секако, исхраната е многу важна и во текот на бременоста, па затоа ви ги предлагаме овие вкусни рецепти наменети за идните мајки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар