Куса, но моќна песна од будистички монах што поттикнува мир и среќа

Овие стихови од познатиот виетнамски будистички монах Тич Њат Хан нè учат дека мирот не е нешто надворешно, ниту пак нешто што се бара или треба да се стекне. Тие ни покажуваат дека треба да живееме трезвено и умно така што ќе забавиме и ќе уживаме во секој чекор и во секој ден! Како што овој монах често сака да кажува, мирот е веќе присутен во нас и ако тргнеме по правилниот пат, со секој чекор ќе ни цвета по едно цвеќе. Нека оваа песна стане ваша лична мотивација во текот на денот, за да го чувствувате мирот во секој чекор и среќата во секоја ситуација…

Куса, но моќна песна од будистички монах што поттикнува мир и среќа

Одам по патот на мирот.

Моето срце е блескаво црвено сонце.

Секој цвет се смее со мене,

Затоа што е зелен, затоа што е посвеж како што расте,

затоа што е пријатен свежиот ветер што дува.

Одам по патот на мирот,

а поради него, бескрајниот пат ми станува радост.

Moжеби ќе ве интересира и за овој монах од храмот Шаолин што советува како да останете вечно млади.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар