Крокети од бананa

Крокетите од бананa може да звучат како чудна комбинација, но ние сме воодушевени. Веруваме дека ќе бидете и вие.

Крокети од банана

Потребни состојки:

  • 2 банани
  • 4 стапчиња за раженчиња
  • 50 г шеќер
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 60 мл масло
  • 1 јајце
  • 140 г брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1 лажичка цимет

Начин на подготовка:

  1. Исечете ги бананите на половина и отстранете им ги краевите. Набодете ги средните 4 делови на стапчиња за раженчиња и ставете ги во замрзнувачот, убаво да се стегнат.
  2. Краевите од бананата ставете ги во длабок сад и изгмечете ги.
  3. Додадете ги шеќерот, маслото, јајцето, брашното, прашокот за печиво и циметот и добро промешајте.
  4. Ставете ја смесата во длабока шолја која ќе ја наполнете до половина и секоја замрзната банана добро натопете ја во смесата и испржете ја во длабоко масло.
  5. Уживајте во пржените крокети од банани во комбинација со карамел или топено чоколадо.

Можеби сакате да прочитате и како се подготвува лесниот и фин – пудинг колач.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар