Дали се расправате со партнерот во последно време? Ова правило ќе ја спаси врската

Дали се расправате со партнерот во последно време? Ова правило ќе ја спаси врската

Ако веќе неколку недели сте во изолација со партнерот, можно е да почне да се појавува нетолеранција кај вас дури и за најмалите проблеми. Поради оваа причина, сексологот Грејс Хазел сподели неколку совети за оние парови кои се препознаваат во ова и кои минуваат низ тешки времиња.

Дали се расправате со партнерот во последно време? Ова правило ќе ја спаси врската

Таа објасни дека комуникацијата треба да биде искрено изразување на мислите и на чувствата, но дека треба да ги слушате и потребите на партнерот, дури и ако тоа што го кажува звучи како напад или критика.

Кога чувствуваат дека следува расправија, паровите треба да ја пробаат оваа петминутна вежба за комуникација.

Ако навистина сакате да решите некој проблем, двајцата треба да имате околу пет минути да го искажете она што ве мачи. Не треба да го прекинувате партнерот додека зборува, дури ни со превртување на очите. Кога партнерот ќе заврши, личноста што слушала треба да каже дека слушнала сè што кажал партнерот, дури и пред навистина да размисли за неговите зборови. Потоа, слушателот станува оној што зборувал дотогаш, па така може да се менувате сè додека двајцата не почувствувате дека другиот ве чул и ве разбрал.

Експертот за односи, Шенон Смит, забележува дека кога двајцата сте дома по цел ден, понекогаш може да биде тешко да поставите граница помеѓу работата и времето за вас двајцата. Затоа, таа советува дека најдобро е да имате пауза каде ќе направите нешто заедно за што не ви е потребна технологија.

Покрај тоа, таа советува да се обидете да го подобрите „природниот“ разговор: ако подготвувате вечера, на пример, искористете го тоа време како можност да разговарате за вашите омилени јадења или за тоа кои се најдобрите ресторани што сте ги посетиле.

Искористете го овој период за да испробате некои нови работи затоа што и тоа може да биде шанса да разберете како се чувствува другиот. Но, треба да знаете дека понекогаш и тишината е во ред и можете да уживате во друштвото на вашиот партнер без да кажете збор.

Погледнете ги овие 6 начини како да се зближите со партнерот додека сте во карантин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар