Кратки љубовни приказни од Антон Чехов што секој романтичар треба да ги прочита

Кратки љубовни приказни од Антон Чехов што секој романтичар треба да ги прочита

Маестрото на убавиот пишан збор, Антон Чехов, е еден од најталентираните писатели во руската литература, познат по неговите раскази и драми кои опфаќаат теми од областа на љубовта и реалниот живот. Воопшто не е чудно тоа што Чехов предизвикува восхит кај сите романтичари со оглед на фактот дека и самиот имал богато искуство. Потрагата по љубов и љубовни авантури со безброј жени започнала во неговите тинејџерски години со една посета на локалниот бордел. Иако се оженил во 1893 година, неговата потрага по страст и возбуда не завршила. До крајот на животот тој постојано се заљубувал и одљубувал и имал афери со многу различни жени. Според тоа, не е никакво изненадување тоа што неговите љубовни раскази се неверојатно реалистични и вистинити. Прочитајте кои се најдобрите љубовни раскази на Чехов што секој романтичар треба да ги прочита…

Кратки љубовни приказни од Антон Чехов што секој романтичар треба да ги прочита

„Дамата со кученце“ (1899)

Овој расказ се смета за еден од неговите најдобри. Се работи за двајца луѓе кои се заљубуваат за прв пат еден во друг и покрај тоа што се венчани со други луѓе.

„Нејзиниот израз на лицето, нејзиниот од, нејзиниот фустан и фризура му кажаа дека таа е дама.“

Во овој расказ, Чехов маестрално навлегува во умот на една мажена жена и покажува како човек може да го искористи нејзиното незадоволство од бракот. Главниот лик Димитри ја набљудува неговата идна љубовница веднаш штом таа за прв пат ќе зачекори во ресторанот. И тој е исто така женет, но за разлика од неговата идна жртва, зад него има долга историја на неверства за време на бракот. Чехов ја опишува оваа навидум самоуверена, сигурна, мажена жена. Но, потоа како што се развива приказната, таа почнува да се презира себеси што дозволила да му падне во раце на Димитри. Доколку имате романтично срце но сакате и малку драма, овој расказ е задолжително четиво за вас.

„За љубовта“ (1898)

Оваа приказна во приказна го раскажува животот на Алехин и љубовната шанса што ја пропуштил и покрај тоа што со години знаел дека љубовта му е возвратена.

„Досега само една неоспорлива вистина за љубовта била изговорена: ’Ова е голема мистерија’“

Тука Чехов го открива танцот на љубовта и романсата од гледната точка на два различни пара. Едниот пар го одигрува танцот на љубовта со смирена, тивка и контролирана романса што извира од сликата на стабилна но неискажана љубов. Другиот пар е хаотичен и нивниот живот е исполнет со жестоки караници но и задоволство. Доколку се прашувате каква врска најмногу би ви одговарала, овој расказ мора да се најде на вашата листа за читање.

Кратки љубовни приказни од Антон Чехов што секој романтичар треба да ги прочита

„Скакулецот“ (1892)

Олга е посветена на уметноста и почнува афера со уметникот Рјабовски на штета на нејзиниот брак. Таа не знае што има додека не е предоцна и засекогаш ќе биде прогонувана од сознанието колку драгоцено било тоа што го изгубила.

„Навистина, судбината е толку чудна понекогаш!“

Ве интересира љубовниот живот на богатите и славните? Централниот лик во овој расказ е она што денес би се нарекло „спонзоруша“. Таа го искористува богатството на нејзиниот сопруг, а нејзиниот огорчен став ја одведува на погрешниот пат. Слично како и другите негови раскази, Чехов зборува за забранетите врски и вонбрачните афери што доведуваат до рушење на довербата. Можеби Чехов го напишал овој расказ откако самиот се изгорел? Којзнае. Единствениот начин да дознаете е да ја прочитате приказната самите.

„Жива сопственост“ (1882)

Овој возбудлив расказ зборува за еден љубовен триаголник во кој се врши продажба на жена по што следуваат чувства на неверојатна вина и каење и на крајот преку постапките на Лиза, нејзиниот сопруг и нејзиниот љубовник триаголникот се претвора во круг.

„Те сакам, а заљубениот маж не сака да ги дели работите.“

Темата неверство повторно се провлекува, а горенаведениот цитат се случува кога Лиза ќе се соочи со нејзиниот љубовник кој ѝ соопштува дека сака да му каже на маж ѝ за нивната афера. Таа е шокирана и одбива. Нивниот неизречен договор е прекршен и Лиза се чувствува предадено поради барањето на Михаил. Прочитајте ја оваа приказна за да дознаете зошто никогаш не треба да прифаќате да ја делите саканата личност со некого.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар