Дали знаете како правилно да го мерите вашиот крвен притисок?

Зголемениот крвен притисок, хипертензијата, е болест на модерното време, а сѐ повеќе се поврзува со стресот, недостатокот на сон, дебелината, солената храна, одредени лекови, пушењето и зголемената консумација на алкохол. Имено, според одредени лекари, кај повеќе од 90% од случаите што имаат зголемен крвен притисок не се знае точниот причинител на болеста, а кај помалку од 10% зголемениот притисок настанува како последица од други болести, како што е на пример заболувањето на бубрезите, срцевите оштетувања и нарушувањата на тироидната жлезда.

Дали знаете како правилно да го мерите вашиот крвен притисок?

Оптималниот крвен притисок изнесува 120/80 mmHg. Крвниот притисок над 140/90 mmHg кај лицата постари од 18 години, кои не земаат какви било лекови се смета за зголемен, вредноста под 130/85 mmHg се смета за нормална, додека пак 130-139 со 85-89 mmHg е состојба на нормален притисок. Лекарите објаснуваат дека хипертензијата се нарекува и „тивок убиец“ со оглед на тоа дека карактеристичните проблеми честопати се отсутни. Некои од дискретните симптоми се главоболка, благ нагон за повраќање, вртоглавица, замор, притисок во градите, силно или неправилно чукање на срцето, што најчесто заболениот смета дека овие симптоми му се од умор. Откако ќе се утврди покачената вредност на крвниот притисок, потребно е да се испита дали постои асимптоматско оштетување на органите, затоа што зголемениот крвен притисок влијае на развојот на болести на мускулите, инфаркт, мозочен удар, оштетување на бубрезите и атеросклероза, односно, ги затнува крвните садови.

За да се дијагностицира високиот крвен притисок, многу е важно да се контролира и надвор од ординацијата, односно, во домашни услови. Правилно е притисокот да се мери во седечка положба, нозете потпрени на подот, по три до пет минути седење. Пред мерење, не би требало да имате физичка активност половина час, а исто така не треба да пушите и да пиете кафе. Тој се мери најмалку два пати, а раката е потребно да ја поставите на стол, во висина на срцето. Доколку мерите на двете раце, се запишува поголемата вредност.

Дали знаете како правилно да го мерите вашиот крвен притисок?

Како се лекува хипертензијата?

Зголемениот крвен притисок може успешно да се лечи. Но, за жал, многу луѓе кои боледуваат од оваа болест воопшто не се свесни за својот проблем, па само еден од четири пациенти правилно се лекува. Првиот чекор во лекувањето е промената на стилот на животот. Се препорачува да се намали внесувањето на сол на 5-6 грама на ден, да се зголеми консумацијата на овошје, зеленчук и млечни производи со намален процент на масти, а исто така да се намали и внесувањето на алкохол. На некои пациенти со години ќе им биде потребна терапија со лекови. Изборот на лекови го прави лекарот врз основа на состојбата на пациентот, видот хипертензија и другите болести.

Превенција на високиот крвен притисок во 11 чекори

Со цел да го намалите ризикот од хипертензија, настојувајте да ги правите овие работи:

  • Јадете барем две до три порции млечни производи кои содржат помало ниво на масти
  • Јадете осум до десет порции овошје на ден
  • Престанете да пушите
  • Ограничете го внесувањето алкохол
  • Ограничете го внесувањето сол
  • Ограничете го внесувањето сувомесни производи
  • Избегнувајте производи кои содржат MSG адитив (натриум-глутамат)
  • Ослабете доколку имате вишок килограми
  • Бидете физички активни
  • Одржувајте внесување соодветна количина калциум, магнезиум и калиум
  • Намалете го внесувањето масти

Зачестеноста на оваа болест расте, во зависност од староста кај двата пола. Мажите имаат повисоко ниво на крвен притисок до 60 години, кога таа разлика се губи, при што жените во постара возраст имаат поголема зачестеност на зголемен крвен притисок. И кај двата пола над 60-годишна возраст бил забележан постепен раст на систолниот притисок, со постепено намалување на вредноста на дијастолниот притисок.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар