Колку калории трошиме кликајќи на глувчето?

Колку калории трошиме кликајќи на глувчето?

На оние кои се секој ден „заглавени“ пред работното биро по минимум 8 часа, сигурно ќе им се допадне оваа вест. Во новото истражување т.н. „Конвертирај сѐ во калории“, објавено од страна на сајтот PHP Science World Shinsho, е пресметано колку и како трошат калории работниците кои работат покрај биро, во текот на еден просечен работен ден. Според истражувачите, калории се согоруваат и со кликање на глувчето од компјутерот.Колку калории трошиме кликајќи на глувчето?Овој резултат е добиен врз основа на просечната величина и тежина на показалецот и силата потребна тој да се придвижи.

Пресметано е дека во просек трошиме 16,7 микромоли АТП (Аденозин трифосфат, молекул кој транспортира енергија во клетките) за да придвижиме грам мускули во секунда. Со оглед на тоа дека збирот на мускули потребни да се свитка показалецот изнесува 11,7 грама, при кликањето на глувчето трошиме 195 микромоли АТП (11,7гx16,7 мол/г). Има 7,3 калории во еден мол АТП енергија, така што бројот на согорени калории со едно кликање на глувчето, изнесува 1,42 калории (7,3/1.000) x 195).

Со едноставни зборови кажано, трошите 1,42 калории по клик. Тоа значи дека ако кликнете 2.500 пати, можеби ќе согорите половина килограм.

Друго истражување на Харвардските здравствени публикации, открило дека со 30-минутна работа на компјутер, трошиме 40-50 калории, во зависност од телесната тежина.

Добиените резултати не се доволно позитивни за сите оние што согоруваат стотици калории по тренинг, да се откажат од посетување на салата за вежбање и да почнат да „топат“ калории сурфајќи на интернет од удобноста на нивниот стол, но е добро да се знае дека табелата во Ексел, не ви го вежба само мозокот. 🙂


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар